Свет во розово…

Охрид – за Тони Гилс најинтересно катче во светот. Овој млад англичанец патува низ сите континенти на земјава. Неговите патувања се невообичаени. Тој е слеп и со оштетен слух. Преку допир на предметите ги запознава луѓето и културите.

 |  Билјана Николовска  | 
Tony Giles
Тони Гилс

tony vo MadridПатувањата, страст на Тони Гилс од Англија. Деновиве тој престојува во Охрид со цел да ја почувствува македонската традиција и култура. Гилс е слеп, а слухот му е оштетен дури 80%. Досега тој го посетил секој населен континент. Како што и самиот Гилс вели, секое негово патување е со однапред поставена цел и ништо не може да го поколеба истата да ја реализира. Тој ги посетил сите сојузни држави на САД и десетте канадски провинции. Македонија, поточно Охрид е неговата 50-та дестинација и вели дека престојува во интересно катче од светот, крстосница на Европа, каде се чувствува микс од култури.

Tony GilsЗа нашата земја тој се информирал преку интернет. Гилс веќе прошетал покрај Охридското Езеро,  го почувствувал ветерот, ги допрел камчињата, ја помирисал водата… Планира да посети дел од охридските цркви и да ги допре ѕидовите. Вели дека луѓето во Охрид се гостопримливи, но впечаток му оставило тоа што се тивки и не се љубопитни како во некои други земји. Гилс ни раскажа и нешто за него и неговиот животен пат. „Во  Англија волонтирам во Историски музеј, еден ден неделно. Останатото време патувам и работам на мојот веб сајт, пишувам за моите искуства и ги ставам моите слики од патувањата. Имаме среќа што во Англија имаме добра социјална помош за хендикепирани лица па добивам 1000 евра од државата. Доколку некогаш прогледам, не знам дали ќе можам да се најдам себеси во тој свет“, вели Гилс. Тој потенцира дека му преостануваат уште низа дестинации кои ќе ги посети на Балканот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top