Митко Топенчаров го фати светиот крст во осветените води на Охридското езеро. Тој беше најсреќен од околу 1000 млади луѓе од Охрид и државава и неколкуте гости капачи од странство.
Митко Топенчаров го фати светиот крст во осветените води на Охридското езеро. Тој беше најсреќен од околу 1000 млади луѓе од Охрид и државава и неколкуте гости капачи од странство. Оваа година крстот ќе му носи среќа на Митко, неговото семејство но и на целиот христијански свет. Топенчаров по петти пат го фаќа крстот на Водици.
Околу 20.000 луѓе, православни верници од Охрид и од други делови на Македонија, но и гости од странство присуствуваа на чинот на осветувањето на водите на Охридското Езеро по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици.
Со церемонијата на осветувањето на езерските води чиноначалствуваше митрополитот дебарско – кичевски г. Тимотеј во сослужение на високи правосвештеници.
Празникот Богојавление е поврзан со крштевањето на Исус Христос од Свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител, а фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град