Свечено пречекани полските туристи

Со чартер лет на полската авиокомпанија „Смол Планет“, денес во Охрид пристигна првата група од 220 туристи од Катовице, Полска. Вакви групи ќе има секоја недела, до крај на месец септември.

 |  Николоска Биљана  | 

Денес на охридскиот аеродром „Св Апостол Павле“, пристигна првиот чартер авион со туристи од Полска. Традиционалниот македонски дочек, воден мост, закуска, погача и сол и торта и овој пат не изостана кој беше организиран на високо ниво од страна на ТАВ Македонија. Топло добредојде на гостите од Катовице, Полска им посака новиот министер за транспорт и вгрски Горан Сугаревски.

„Нашата заложба како Влада на Р. Македонија е да го унапредуваме авио сообраќајот и да направиме колку што е можно повеќе да дојдат гости и да ја посетат нашата земја. Покрај скопскиот аеродром и охридскиот има сериозен потенцијал за тоа

Генералниот директор на ТАВ Македонија, Алпер Ерсој, истакна дека денешниот момент е резултат на долготрајни дискусии но и соработка остварена благодарение на ТАВ Македонија, ТА Фибула и полскиот тур оператор Рего – Бис.

„Денеска сме сведоци на првиот лет кој што доаѓа од Катовице, со 220 патници, летовите ќе се реализираат еднаш неделно а ќе траат до крај на месец септември. Се надеваме дека туристите од Полска ќе уживаат во гостопримството кое може Македонија да го понуди исто така во богатиот културен диверзитет историјата и природните убавини во Македонија

Со задоволство ја пречекавме првата група на туристи од Полска, вели Асим Меџедовиќ од ТА Фибула. Тој додаде дека процесот на преговори траел долго, но на општо задоволство од сите страни резултирало со голем успех.

„Оваа година имаме околу 5000 туристи кои што ќе дојдат од Полска во Македонија а ние како локален ленд партнер ќе овозможиме сите туристи да добијат одлична претстава за можностите кои што нашата земја ги нуди, а тоа нема да биде само посети на Охрид и Струга туку воопшто посета на убавините на нашата земја

Од полската авиокомпанија „Смол Планет“, истакнаа дека се задоволни од соработката со тур операторот Рего – Бис. Исто така се надеваат дека оваа програма која ќе трае цело лето ќе биде многу успешна и ќе продолжи и наредната година. Сопственичката на Рего – Бис, Габриела Манка Сокулу, истакна дека посебно и е драго што првите гости ги носи точно во Охрид туристичкиот бисер.

„Јас за Македонија одработив голема работа, бидејќи вашата земја на полскиот пазар не е толку позната како туристичка дестинација, но мојата агенција која носи туристи во сите Балкански земји, денес дојде ред на Македонија. Но и од ваша страна треба со понуда и маркетинг да ни излезете во пресрет

На свечениот дочек присуствуваше и полскиот амбасадор во Р Македонија Јацек Мултановски. Тој истакна дека оваа соработка ќе биде значајна во развојот на билатералните односи помеѓу Македонија и Полска.

„Полска и Македонија имаат многу заедничко, во таа смисла сакам да кажам дека нашите луѓе се рабираат мошне добро, додека пак она што ги привлекува полските туристи во Македонија бил менталитетот, културниот диверзитет, убавиот пејсаж, природата, но и луѓето, виното и храната

Денешниот чартер лет од Катовице, Полска е отварање на комплетно нов пазар од кој ќе пристигнуваат патници на аеродромот во Охрид како и во самиот град. Менаџеркиот тим на полскиот тур оператор Рего – Бис, ги изненади домаќините со две огромни торти, едната со македонското знаме другата со полското.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top