Праисториската наколна населба Залив на коските кај Плоча Миќов град, синоќа беше свечено промовирана.
Праисториската наколна населба Залив на коските кај Плоча Миќов град, синоќа беше свечено промовирана. Музејскиот комлекс во Градиште пред голем број посетители беше претставен со бројни содржини. “Не се работи само за праисториска населба, туку за импозантен музејски комплекс“ истакна задоволно од реализираното Министерот за култура Елизабета Канческа Милеска. Покрај музејската поставка и 24 –те праисториски куќи, реконструиран е Римскиот кастел, изградени се пристаниште и две плажи, 19 бунгалови, амфитеатар за одржување на културни манифестации. Со ова се заврши владиниот проект во целост, додаде Милеска.
Министерката за култура и директорот на Управата за заштита на културното наследсто задоволни од сработеното, но и од досегашната посетеност и остварениот приход од влезници. Во 2009 година музејот го посетиле 40.000 посетители и по основ на влезници се остварил приход од 2,5 милиони денари.
Директорот на Управата за заштита на културното наследство Паско Кузман истакна дека музејскиот комплекс за некого e смешна реализација, што според него говори за недоволно едуцирани луѓе.
Паско Кузман Директорот на Управата за заштита на културното наследство ги демантира гласините дека двете плажи кои се наоѓаат во музејскиот комплекс ќе бидат издадени под концесија.„Тука има само културно наследство кое ќе се презентира пред посетителите од Европа и светот“ дециден Кузман. Реконструкцијата на наколната праисториска населба и изградбата на целокупниот комплекс со пропратните содржини чини 3,5 милиони евра.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град