Малиот плоштад кој свечено беше отворен денес, катче за релаксација и одмор на охриѓани. Ова ќе биде уште едно култно место на градов, рече Градоначалникот.
Денес свечено беше отворен малиот плоштад кој се наоѓа кај некогашната библиотека.
Никола Бакрачески рече дека ова ќе биде уште едно катче кое охриѓани ќе можат да го користат за релаксација и одмор, а воедно ќе биде нова сцена за богатите културни случувања во градов.
Плоштадот партерно и хортикултурно се уредил за рекордно време од два месеци со ангажман на јавните претпријатија од градов.
Зафатите кои се извршени локалната ја чинат околу 15000евра.
Градоначалникот рече дека ова е само најава за градежната експанзија којa го очекува Охрид во наредниот период.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град