Во Охрид одбележан големиот јубилеј 70 години од почетокот на Народно Ослободителната антифашистичка војна на Македонија и Денот на Востанието 11 Октомври. Пред голем број присутни и преживеани учесници од НОВ и почитувачи на нивната борба, за текот на значајните историски настани од овој дел на поновата историја, се осврна претседателот на општинската организација на Сојузот на борците од НОБ, Гоце Георгиески. Тој потсети дека родољубите и патриотите, на овој светол ден ја започнаа борбата против фашизмот и станаа дел од големата светска коалиција која заврши со победа на фашизмот и се создаде самостојна и суверена македонска држава. 11 Октомври 1941 година е логично продолжение на се револиционерно што се случувало во македонското минато низ вековите, но сега загрижува трендот што се прескокнува и запоставува борбата со која се создаде првата Македонска држава, рече Георгиески.
Градоначалникот Александар Петрески честитајќи го големиот јубилеј на 70 години од почетокот на НОАВМ и Денот на Македонското востание 11 Октомври, им порача на сите оние кои го омаловажуваат хероизмот на учесниците во НОВ, дека нема да го дозволиме тоа. Обврзани сме државата стекната со крв да ја чуваме, никој да не ја дели, да не ја менува демократијата во тоталитарно владеење и да не ја прекројува историјата, рече Петрески.
Двата големи јубилеи од Македонската историја беа свечено одбележени со пригодна програма. Беа доделени признанија и благодарници на преживеаните учесници од НОАВМ и на голем број почитувачи и продолжувачи на нивното дело.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град