О.У Св. Климент Охридски ја одбележа 110 годишнината од изградбата и основањето

Со свечена академија, вечерва во Центарот за култура, О.У Св. Климент Охридски ја одбележа 110 годишнината од изградбата и основањето на ова училиште.

 

 |  Тања Кувенџиска  | 
proslava
прослава

Со свечена академија, вечерва во Центарот за култура, О.У Св. Климент Охридски ја одбележа 110 годишнината од изградбата и основањето на ова училиште.

Присутните имаа можност преку краток филм да се потсетат на самите почетоци- времето кога било основано училиштето, сместено во старата зграда изградена според тогашната модерна француска архитектура. Во 1980 год. дејноста на училиштето преминла во новата зграда изградена во непосредна близина на стариот објект.

proslavaЗа своите спомени од работните денови изминати во школото Св. Климент Охридски зборуваа некогашните директори. Додека пак за успесите и резултатите кои се оставруваат во рамки на ова училиште зборуваше актуелниот директор, Славица Илиќ.

Во последната година училиштето претрпе големи инфраструктурни промени. Променет е покривот, донесена е современа опрема за изведување на наставата, реконструирани се училници за деца со посебни потреби. Од почетокот на месец ноември училиштето почна да работи во една смена со што стана прво од градските училишта во Охрид, а и меѓу првите во Македонија со што се исполни еден од најважните европски стандарди во образованието.
Свечена академија по повод патрониот празник и 110 годишнината на ОУ “Св.Климент Охридски” започна со изведба на училишниот хор, а настапија и членовите од драмската секција, подржани од познатата актерка, некогашен ученик во ова школо, Ирена Ристиќ.  
Присустните имаа можност да ја видат и изложбата на ликовни творби на поранешните и сегашните ученици од ОУ ” Св. Климент Охридски”.

 

 

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top