Св Наум, место откинато од рајот

Многу легенди, преданија, верувања се искажани за охридскиот локалитет Св Наум. Таму природата на едно место истурила раскош од неколку природни реткости. Но сепак најсилниот показател дека ова место е вредно и свето е фактот што секој турист кој доаѓа во Охрид, од каде и да е, не заминува без да го посети комплексот Св Наум.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Кога се зборува за месноста Св Наум, секој посетител би се согласил дека целиот комплекс е како дел откинат од рајот. Од прекрасната природа која го прегрнала манастирот Св Наум и неговите конаци, неколкуте црквички околу него, светата вода, па се до изворите на реката Црн Дрим и уредениот туристичко ресторански дел околу целото острово. Првиот човек кој стапува во контакт со секој добронамерник во комплексот Св наум е Владо Мојаноски. Скромен по природа Мојаноски открива дека од година во година расте посетеноста во Св Наум, а посебно последниве години откако локалитетот е реновиран. Тој ја пренесе легендата за водата во изворите на реката Црн Дрим.

„За изворите мислам дека се доста посетени ако некогаш имаше само еден чамец а сега има некаде околу 10 – 12 чамци кои возат на изворите на реката Црни Дрим. Изворите доаѓаат претежно преку Преспанскот Езеро, поминуваат под Галичица тоа е легенда која ние сме ја научиле од старите и ја применуваме и ние во овој период и секогаш сум ја пренесувал на туристите така да пуштена е крв или боја од другата страна на Преспанскот Езеро така да за еден ден е дојдена на изворите на Црн Дрим“ – вели Мојаноски.

Некогашниот локалитет островото во Св Наум припаѓал на угостителското претпријатие Палас, раскажува Мојаноски. Додава дека местото се приватизирало и сегашниот сопственик, Благоја Ристески, успеал да го преуреди и да го претвори во магнет за туристи, за што зборува големата посетеност не само во летниот период туку преку цела година. Мојаноски вели дека сите оние кои се работоно ангажирани во Островото се грижат за местото, и не можат да ги изненадат објективите на камери кои не ретко ова место го користат за слики, видео клипови, сцени о дпознати филмови.

„Сите наутро доаѓаат порано и 3 чамци поминуваат околу изворите во случај да не има отпад.  Најмногу се снимале тука филмови, како што е „До балчак“, имаме доста туристи од Албанија кои прават снимки со невести за свадби“.

Мојаноски открива дека покрај целата природна дарба на ова место кое е под заштита на УНЕСКО, а под концесија на НП „Галичица“, луѓето веруваат дека е и свето. Секој добронамерник завртувајќи се со грбот кон реката, замислува желба и фрла паричка во водата, верувајќи дека големиот светец Св Наум има моќ да ја слушне нивната желба и да ја исполни.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top