Убавините на Св. Наум низ делата на академскиот сликар Славко Упевче

Отворена изложба на академскиот сликар Славко Упевче, посветена на 1100 години од упокојувањето на Св. Наум Охридски. Посетителите остануваат без збор пред  неговите пејзажи,  изработени во техниките сув пастел, масло на платно и акварел.

 |  Валентина Неловска  | 
Upevce
Упевче

Сликарот,  во текот на неговото 4 децениско творештво, постојано со ист уметнички жар, се навраќа на неисцрпната убавина на овој предел. На изложбата, помеѓу 23 слики, се забележуваат и три настанати во текот на изминатата 2010 година. Упевче, со жалење истакнува дека, просторот околу Св. Наум и манастирот,  полека ја губат некогашната препознатлива хармонија.
На изложбата се претставени само дел од големиот број уметнички дела, настанати и  инспирани од овој простор. Изложените 23 слики се во сопственост на уметникот, од приватни колекции, но и од  Манастирот Св. Наум и Завод и Музеј. Љубителите на уметноста, ликовната поставка ќе може да ја погледаат  во изложбениот простор на Музејот Куќата на Робевци до 25 јануари.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top