Сликарот, во текот на неговото 4 децениско творештво, постојано со ист уметнички жар, се навраќа на неисцрпната убавина на овој предел. На изложбата, помеѓу 23 слики, се забележуваат и три настанати во текот на изминатата 2010 година. Упевче, со жалење истакнува дека, просторот околу Св. Наум и манастирот, полека ја губат некогашната препознатлива хармонија.
На изложбата се претставени само дел од големиот број уметнички дела, настанати и инспирани од овој простор. Изложените 23 слики се во сопственост на уметникот, од приватни колекции, но и од Манастирот Св. Наум и Завод и Музеј. Љубителите на уметноста, ликовната поставка ќе може да ја погледаат во изложбениот простор на Музејот Куќата на Робевци до 25 јануари.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град