Кој ќе го добие најголемото општинско признание- Св. Климентовата награда?

Кој ќе го добие најголемото општинско признание- Св. Климентовата награда и годинава ќе одлучи Градоначалникот. Конкурсот е во тек.

 |  Јаковлева Лионела  | 
akademija
академија

Градоначалникот Александар Петрески и годинава ќе го избира добитникот на Св. Климентовата награда. Петрески ќе пресече кој ќе биде носител на наградата од пристигнатите  номинации. Оваа пракса се воведе минатата година со цел да се растеретат од притисокот и да здивнат 5-те членови на Комисијата за одбележување на празници, манифестации и доделување на наградите и признанија,  бидејќи изминатите години доделувањето на наградите го тресеа скандалозни случувања.

За да се избегнат ваквите несакани ситуации советниците тежината на изборот ја префрлија на еден човек- Градоначалникот, вели Виолета Мицкоска-претседател на Комисијата за одбележување на празници, манифестации и доделување на наградите и признанија.akademija

Годинава конкурсот за доставување апликации за добитници на Св. Климентова награда беше отворен на 6ти ноември, а завршува на 20ти. После тоа Комисијата за одбележување на празници, манифестации и доделување на наградите и признанија во состав од советниците Виолета Мицкоска, Верица Хајба, Александар Попоски, Љубен Буџакоски и Томислав Тунтев од пристигнатите кандидати ќе избираат добитник на Св.Климентовата повелба. Можат да се доделат најмногу пет повелби.  Од минатата година наградата за животно дело може да ја добие само една личност, а не да ја поделат повеќе добитници како што порано тоа беше случај.

Лани Светиклиментовата награда ја доби Митрополитот Дебарско-кичевски, Тимотеј.
Инаку, имињата на добитниците на Наградата за животно дело и Повелбата на патронот на Охрид, Св Климент  треба да се објават до 7 декември, а нивното доделување ќе биде на свечената Академија која ќе се одржи на 8 декември кога се слави празникот на овој светец.

Климентовата награда години наназад предизвикува бурни реакции и негодувања кај охридската јавност. Дали реакциите годинава ќе бидат избегнати или ќе бидат уште поголеми, останува да видиме.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top