Спасен фрескоживописот во црквата Св. Богородица Перивлепта

Нема повеќе опасност од уништување на единствениот фрескоживопис во црквата Св. Богородица Перивлепта. Од Завод и музеј велат дека зафатите кои ги превзедоа за конзервацијата на архитектурата на црквата за санација на покривот, вродија со плод. Во текот на оваа година треба да заврши конзервацијата на фрескоживописот но и на конакот и камбанаријата.

 |  Јаковлева Лионела  | 
perivlepta
перивлепта

Спасен фрескоживописот во црквата Св. Богородица Перивлепта. Спречено е понатамошното негово оштетување поради влагата на која беше изложен со години наназад. Од Завод и музеј велат дека зафатите кои ги превзедоа за конзервацијата на архитектурата на црквата со што се изврши санација на покривот, вродија со плод.

Сите не критикуваа поради тоа што речиси три години црквата ја оставивме со отворен кров и само со наткров. Но тоа придонесе да се исуши и отстрани целата влага која со години беше наталожена во ѕидовите на црквата од што се оштетуваа фреските. Конзерваторите се многу задоволни од сегашната состојба и нивото на влага во црквата, вели директорката на Завод и музеј, Тања Паскали Бунташеска.перивлепта

Во минатата година заврши првата фаза од конзервацијата на фрескоживописот во црквата СВ. Богородица Перивлепта. На реализацијата на проектот се ангажирани конзерватори од Македонија и двајца експерти од УНЕСКО. Оваа година треба да се реализира и втората фаза.

Чекаме да се подобрат временските услови и да се зголемат температурите за да се продолжи со втората фаза на конзервација на фрескоживописот. Планирано е проектот да заврши во текот на оваа година, но не може да предвиди со сигурност какава ќе биде динамиката со која ќе се движат работите, вели Бунташеска.kambanarija

Пролетва се очекува да започнат и градежните работи на конаците и на камбанаријата. Проектите за ревитализација на овие објекти се завршени и за нив има конзерваторско одобрение. Во приземјето на конакот ќе се прави санитарен чвор, како и простории за продавање сувенири, рекламен материјал и свеќи. На горниот кат ќе има една просторија за библиотека и за бифе кое ќе биде поврзано со отворената површина надвор. Додека пак на камбанаријата ќе се смени само кровот бидејќи во еден период на него било интервенирано и бил малку спуштен. Сега ќе се враќа во првобитната состојба и ќе биде повторно во вид на ѕвоно. Ќе се превземат и санациони мерки на кулата на камбанаријата. Камбаните остануваат истите. Едната тешка 2300кг датира од далечната 1923 год. и е подарок од научникот Михајло Пупин. Овие проекти треба да завршат до крајот на 2013та.
За партерното уредување на дворната површина уште малку ќе се почека. Ќе се вршат дополнителни археолошки истражувања по што целиот тој простор ќе биде поплочен и оплеменет. Само за потсетување сите овие проекти се реализират со пари од добиениот грант од 650 000 американски долари од американската амбасада кои беа одобрени пред повеќе од четири години.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top