Охридска банка АД Скопје ги избра добитниците на награди предвидени во наградната игра „Визарата може сè“.
Охридска банка АД Скопје ги избра добитниците на награди предвидени во наградната игра „Визарата може сè“.
Во просториите на Банката, во присуство на жири комисија, доделено е едно возило Suzuki Swift и десет електрични тротинети.
Добитник на главната награда патничко возило Suzuki Swift е Соња Тошевска од Скопје. 10-те тротинети се доделени на клиенти на Банката од Скопје, Охрид, Куманово и Гевгелија, односно на: Стефан Стојоски, Борче Кочевски, Александар Толов, Роберт Петковски, Гордана Симоновска, Јулијана Крстевска, Игор Арсовски, Аница Петреска, Мирела Хасановиќ, Андријана Јовановска.
Денес наградите беа и официјално врачени на добитниците во Дирекцијата на Охридска банка АД во Скопје.
Во оваа наградна игра право на учество имаа сите полнолетни граѓани на Република Северна Македонија, кои се корисници на една од кредитните картички издадени од Охридска банка од брендот Visa, а кои ја извадија новата Визарата кредитна картичка, како и сите оние кои ја поседуваа само Визарата кредитната картичка издадена од Охридска банка.
Па така, во периодот од 10.06.2020 до 30.09.2020 година додека траеше наградната игра, основниот услов за учество во неа беше клиентите да направат минимум 10 (десет) трансакции со Visa кредитна картичка издадена од Охридска банка АД Скопје, од кои минимум 1 (една) трансакција со Визарата. Секоја трансакција со Визарата даваше можност за тројна шанса за освојување на награда, а еден учесник во Наградната игра имаше право да биде извлечен само за една награда.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град