Се пожалија пред медиумите дека полицијата ги легитимирала вработените кои наплаќаат паркинг, а денеска две лица биле спроведени во СВР Охрид.
За Локалната договорот за закуп на паркинзите е раскинат, но очигледно не и за другата договорна страна. Од „Сузуки – МТ“, се пожалија пред медиумите дека и покрај тоа што имале валидни договори, полицијата ги легитимирала вработените кои наплаќаат паркинг, а денеска две лица биле спроведени во СВР Охрид какошто велат од „Сузуки“ само поради тоа што вршеле наплата.
„Секојдневно се врши идентификација и легитимирање на вработените лица на паркинг просторот од страна на полицијата, во еден наврат е извршено и фотографирање на сите вработени затекнати на лице место, колку ни е познато од страна на крим полицијата. И покрај тоа што имаме валидни договори за закуп на паркинзите полицијата денес ги отстранила наплатувачите од нивните работни места, а две лица дури биле спроведени со комбе само поради тоа што вршеле наплата.“, информира Митреска Милка, управител на Радио Такси „Сузуки“.
Митреска истакна дека од нивна страна се испочитувани сите договорни обврски и додаде дека Заклучокот кој на десети мај беше донесен од страна на Советот на Општина Охрид, е донесен врз основа на неточни податоци, посебно во делот дека нивните вработени не се пријавени на неодредено време, за што имаат уредна документација. Митреска не одрекува дека вработиле само десет, иако имале оббврска да преземат дванаесет вработени од ЈП „Биљанини извори“, но и дека за останатите две лица, ја известиле другата договорна страна согласно договорните обврски и приложениот список на лица кои требало да ги преземат од ЈП-је. Нив не им е јасно зошто договорот е раскинат и кои обврски тие не ги испочитувале.
„Известување од 04.06.2012 година кое се базира на заклучокот на Советот на Општина Охрид број 07-1972/3 од 10.05.2013 година нема никакво образложение кој услов од договорот не исполнет. Имено соработката на Општина Охрид со нас е на незадоволително ниво“ објаснува Митреска.
Од „Сузуки“ побарале средба со лица од локалната самоуправа, но досега тоа не се остварило.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град