Реализиран проектот за „Заштита и уредување на сулфатарата „Дувало“. Локалната реши да го уреди и промовира овој несекојдневен локалитет. Оваа сулфатара која се наоѓа во непосредна близина на селото Косел е една од природните реткости во градов. Со проектот за нејзиното уредување отстранет е градежниот отпад и шут, ставена е заштитна ограда кај самиот локалитет, поставени се патокази како и табла на англиски и македонски јазик.
Локалната има намера овој локалитет да го направи туристичка атракција. Вера Рауник од секторот за урбанизам и животна средина вели дека со програмата за 2010 година на Општина Охрид во делот на заштита на животна средина било предвидено уредување на просторот околу вулканот и негова презентација. За таа цел се издвоени 180 000 денари.
Инаку, вулканот во исто време претставува спој на сулфатара (пукнатина од која избива гас сулфур) и мофета (пукнатина од која избива гас јаглендиоксид) поради што се добива карактеристичниот мирис на расипано јајце. Ова е единствена ваква појава на Балканот која докажува дека во минатото имало вулканска активност. Името на овој вулкан доаѓа од латинските зборови Sulfa terra што во превод значи земја од сулфур или сулфурна земја. Според Коселчани окната се длабоки и до 60 метри според кажувањата на нивните предци. Интересен податок е што во нивна близина нема ниту растителен, ниту животински свет. Се верува дека сулфатарот е мртов, но со сигурност не се знае дали оваа поствулканска појава може да се активира. Во близина на вулканот се што е железно корозира додека електричните апарати за брзо време откажуваат. Оваа поствулканска појава недоволно е испитана. Но, потребата за нејзина валоризација е од огромно значење за развивање на алтернативен туризам во нашиот град.
Во 1973 година при геолошки испитувања откриена е топла вода на длабочина од 80 до 100 метри со околу 30 Целзиусови степени. Сознанијата за лековитостата на водата и калта од вулканот датираат одамна. Најчесто луѓето бараат спас од кожни болести при што сулфурот го мешаат со глина и го нанесуваат на болните делови од телото.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град