Завршена истражната постапка. Предметот предаден на обвинителството. Министерот Јанакиевски верува во независниот судски систем. Никој не објавува детали.
Истражната постапка за бродот „Илинден“, требаше да се води под итна процедура за разрешување. Оваа информација за ТВМ на 25-ти септември минатата година ја потврди истражниот судија Весна Кичеец. Очигледно итноста на процедурата и овој пат затаи. Кога ќе има епилог на случајот со бродската катастрофа на „Илинден“, сеуште никој со точност не може да потврди. Пред два дена во охридскиот суд заврши истражната постапка за бродската несреќа. Познато е дека во неа се удавија 15 бугарски државјани. За несреќата, сеуште, обвинет е само капетанот на бродот, Сотир Филев, кој е во куќен притвор. Претседателот на Основниот суд, Владо Дејаноски, рече дека не можат да излезат со информации за истражната постапка. Тој додаде дека предметот е во рацете на обвинителството. Од таму пак В.Д. директорот Наум Паноски во кусиот телефонски разговор кажа дека предметот бил многу обемен и сеуште не бил прегледан за да може нешто да се каже. Тој не прецизира кога ќе може да се добијат поконкретни информации и рече дека ќе бидеме известени кога ќе дојде време за тоа.
За овој случај сеуште молчи и Министерот за трансопорт и врски, Миле Јанакиевски. Тој повторно го избегна одговорот на поставеното новинарско прашање.
И овојпат транспарентноста на министерствата и судот затаи. Состојбите во правосудниот систем веќе се под лупата и на меѓународниот фактор.
{loadposition content}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град