Судската администрација денес повторно излезе на штрајк. Административците ќе штрајкуваат се до исполнување на нивното барање, за зголемување на платата. Борче Митрески, претседателот на Здружението на судската администрација вели дека нема логиката единствено тие да бидат изоставени од пакетот на зголемување на платите во македонскиот правосуден систем.
Охридската судска администрација штрајкува. Се додека не се исполни нивното барање за исплата на штрајкувачките барања, односно покачување на плата во висина од 35 насто, исто како што тоа е предвидено кај судиите, јавните обвинители и службениците во јавните обвинителства, штрајкот ќе трае, како што изјави претседателот на Здружението на судска администрација на РМ, Борче Мирчевски. Тој додаде дека со преговори не успеале да ги исполнат нивните барања, па затоа го продолжуваат штрајкот.
„Во овој момент ги имаме информациите од цела Македонија, немаме никакви проблеми во однос на штрајкот, се штрајкува скоро во сите судови во РМ. Нашите штрајкувачки барања во овој момјент ги сведовме на барањето на зголемување на платите на судската администрација, со оглед дека јавниот обвинител на РМ издејствува со допис зголемување на платата на јавните обвинители, исто така имаше допис до судиите дека и нивната палата ќе биде зголемена, единствено судската администрација беше изоставена од тој пакет на зголемување на платите“.
Мирчески нагласи дека претходно имале неколку предупредувачки штрајкови, преку кои сакале на надлежните да им укажат дека се спремни за преговори со цел да се изнајде соодветно решение. Бидејќи засега немале никаков одговор, продолжуваат со штрајк се додека не издејствуваат исполнување на нивните барања.
„Првичните наши барања истакнати со штрајкот од 3 декември, ги ставивме на страна, освен ова барање за зголемување на платите со оглед дека беше предизборен период. Имајќи ја во вид новата ситуација и одлката на Уставниот суд донесена денес, тоа ќе значи дека ние заедно со УПОЗ, ќе седнеме на маса и ќе одлучиме дали повторно ќе ги вратиме сите барања на маса кои беа на почетокот, тоа е исплата на неисплатени а ветени 5%, промена на работното време, Измена на законот за судска служба кое што ни е главно и најважно барање“ – вели Мирчески.
Инаку како што информираше Мирчески, судиите се исплатувале со посебен Закон за плати, додека пак платите на судската администрација каде што се вбројуваат и стручните соработници кои имаат иста наобразба со судиите само различна функција, се исплатувале согласно Законот за судска служба. Разликата во примањата од судија до стручен соработник изнесува околу 40 000 денари.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град