Продолжeние на судењето за смртта на српскиот турист Новаковиќ

На денешното рочиште беа сослушани Ѓоко Наумоски, кој се терети за кривично дело помагање сторител во извршување кривично дело и оштетениот Горан Периќ. Бурна реакција кај адвокатите од одбраната предизвика кратката изјава на сопругата на починатиот, Сандра Новаковиќ.

 |  Крсте Голабовски  | 
sudenje
судење

На денешното рочиште беа сослушани Ѓоко Наумоски, кој се терети за кривично дело помагање сторител во извршување кривично дело и оштетениот Горан Периќ. Бурна реакција кај адвокатите од одбраната предизвика кратката изјава на сопругата на починатиот, Сандра Новаковиќ.

sudenjeСо задоцнување од речиси еден час започна новото рочиште од судскиот спор за смртта на српскиот турист Дејан Новаковиќ. На денешото рочиште прв пред судот зборуваше обвинетиот Ѓоко Наумоски, кој се терети за кривично дело, помагање сторител во извршување кривично дело.

Наумовски пред судот се бранеше дека неговата работна задача во ноќниот клуб, нема никаква врска со компјутерот, од кој биле избришани дел од снимките, ноќта кога се случил немилиот настан. Тој истакна дека воопшто не ја ни знае лозинката потребна за работа со компјутерот.

Кога од страна на обвинителот му беше предочен дел од вештачењето на МВР, во врска бришењето на податоците од компјутерот од кој се раководел видео надзорот, Наумоски негираше дека тој го направил бришењето на снимките и изјави дека не ни ги разбира техничките податоци од вештачењето кои му се предочени. Бурни реакции кај адвокатите од одбраната предизвика кратката изјава на Сандра Новаковиќ. Имено тие реагираа зошто да се зема исказ од сведок, кој присуствувал на сослушавањата на обвинетите. После бурно инсистирање кај судијката, на адвокатите од одбраната и покрај реакцијата на адвокатот на оштетениот, Дејан Ќириќ сепак им беше дозволено да и постават прашање на г-ѓата Новаковиќ, за тоа дали таа има сознанија дека нејзиниот сопруг тренирал, освен џудо и кик-бокс ултимејт фајт. Г-ѓата Новакович одби да одгвори на ова прашање, на сугестија на адвокатот Дејан Ќириќ.

Следен пред судот зборуваше оштетниот Горан Периќ, пријател на сега починатиот Новаковиќ и сведок на настаните кои се случија ноќта на 27 август. Периќ го идентификува преку фотогрофија обвинетиот српскио државјанин Драган Ѓорѓевиќ, дека физички го нападнал таа вечер во клубот. Исто така не го потврди исказот на обвинетиот Илче Јоноски од пред два дена дека, се обидел да спречи ескалација на настаните, а негираше и дека видел две групи на српски гости во клубот Хавана таа вечер.

Исказот кој денес пред судот го даде оштетниот, според зборовите на адвокатите од одбраната, се разликувал од исказот даден пред истражниот судија ден после крвавиот настан. Периќ призна дека со Новаковиќ се знаеле од деца и дека во тој период тренирале џудо и ниту еден друг боречки спорт, дури ни рекреативно. Во на денешното рочиште треба да бидат сослушани и некои од сведоците на настанот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top