Судењето на Радески продолжува

Продолжува агонијата во врска судењето на осомничениот Лазе Радески.

 |  Ристо Јакимовски  | 
Laze Radeski
Лазе Радески

Продолжува агонијата во врска судењето на осомничениот Лазе Радески. Обвинетиот е осомничен дека во периодот од 2006 до 2008  ги убил Раим Ракипи, Спиро Ставрески и Трајче Цоцески.

Денеска во основниот суд Охрид, продолжи судењето за Лазе Радески кој е осомничен дека во периодот од 2006 до 2008  ги убил Раим Ракипи, Спиро Ставрески и Трајче Цоцески.

Laze RadeskiОд странa на одбраната на претходното судење беше побарано да се изврши вештачење на техниката со која е направена снимката во продавницата „Грини“ и да се утврдат кои се причините за прекинот во снимениот матријал и да се направи рекнстукција на случајот.
На денешното судење од страна на судот беа одбиени барањата за реконструкција на случајот како не потребни.

Одбранат побара да се прочитаат одобренијата за посета на обвинетиот и да се објави кои се имињата на службените лица, кои го посетувале додека се наоѓал во притвор во охридскиот т.е скопскиот затвор. Потоа од одбраната беше предложен распит на истите.
Предлогот за понатамошен распит на вешти и службени лица беше одбиен од страна на судот.
Новото судење е закажано за 6 ти март на кое е предвидено е да се прочитаат завршните изјави.

 

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top