Судењето за смртта на Новаковиќ започна далеку од очите на новинарите

Само дел од семејството на Новаковиќ присуствуваа на распитот на обвинетиот Митре Костоски. После интервенцијата на претседателот на Основниот суд, судијката која го води овој процес, го префрли судењето во големата сала.

 |  Крсте Голабовски  | 
sudenje
судење

Продолжението на еден од најактуелните судски настани од
минатата година, започна далеку од очите на новинарите. На
денешното
рочиште од судскиот процес, кое започна со распит на обвинетиот
Митре Костоски, присуствуваа само дел од семејството Новаковиќ, на што пак
реагираа членовите од семејствата на обвинетите. Вујкото на обвинетиот Митре
Костоски реагираше, дека не му било дозволено присуството на судскиот процес.

На реакција на новинарите до
претседателот на Основниот суд од Охрид, Владо Дејаноски, беше побарана пауза
од страна на судијката која го води процесот, за да после консултација помеѓу
судијката и претседалот на судот, истиот продолжи во големата сала. Овојпат им
беше дозволено да
присуствуваат и на роднините на обвинетите
како
и на новинарите кои претходно не беа во можност да го следат првиот дел од
процесот.

Инаку Митре Костоски и
Илче Јоноски, двајцата од Охрид,  се т
еретат за свирепо убиство.
Јоноски пред судот изјави дека вечерта на 27-ми август присуствувал во ноќниот
клуб „Хавана“ и бил сведок на расправијата и тепачката која започнала во
клубот. Јоноски додаде дека обидувајќи се да спречи понатамошна ескалација на
настаните и самиот се здобил со повреди на раката, за кои подоцна бил потребен
лекарски третман.

semejstvo NovakovicЗа истото дело е обвинет и српскиот државјанин Драган
Ѓорѓевиќ, кој сеуште е во бегство.
За
Ѓорѓевиќ е распишана меѓународна потерница, неофицијално на Ѓорѓевиќ ќе му се
суди во отсуство.
Четвртиот обвинет
во овој случај
Ѓоко Наумоски, се товари за
помагање по извршено кривично дело.За убиството на српскиот турист првично беа
осомничени 8 лица, а на седуммина им беше изречена мерка притвор. Четворица од
нив по два и пол месеци поминати во Истражниот затвор во Шутка, поради недостиг
на докази беа ослободени од притвор.

На денешното рошиште присуствуваа и претставници од холандската амбасада во
Македонија поради поврзаноста на еден од обвинетите со оваа земја. Судскиот
процес продолжува за два дена, во четворток на 24 февруари.


{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top