Субвенционирањето на станоиздавачите од мал обем оди по зацртаниот план

Се поголем е бројот на приватни станоиздавачи од мал обем кои се субвенционирани од Локалната.  Веќе втора година по ред според програмата на Секторот ТЛЕР сите станоиздавачи кои се уредно пријавени и регистрирани добиваат повратни средства 50% од уплатената туристичка такса. Во програмата за 2016та предвидени се 400 000 ден. за субвенционирање на приватните станоиздавачи.

 |  Јаковлева Лионела  | 
kajce

 

Субвенционирањето на станоиздавачите од мал обем  оди по зацртаниот план. Веќе втора година по ред според програмата на Секторот ТЛЕР сите станоиздавачи кои се уредно пријавени и регистрирани во регистерот на станоиздавачи од мал обем во Општина Охрид по завршувањето на двата периоди од јануари до јули и од јули до декември можат да аплицираат за субвенционирање на 50% од туристичката такса која ја уплатиле во претходните шест месеци.

Сметам дека како идеја е добра . Ние веќе во изминативе три шестмесечија имаме исплатено околу 7000 евра. Тоа можеби не е некоја голема сума но на приватните станоиздавачи во голема мера им помага за да можат парите да ги реинвестираат во своите капацитети , вели Ѓоко Апостолов- раководителот на ТЛЕР.

Апостолов кажува дека нивна интенција е да ги стимулираат оние кои нередовно ја плаќаат туристичката такса или ја затајуваат. Станоиздавачите доколку ги пријавуваат гостите во реален број ќе можат да го остварат правото за добивање субвенции, а ТЛЕР ќе има точна евиденција колку гости имало во градов.

Сметам дека од година во година нивната бројка ќе се зголемува бидејќи станува збор  за една новина во градот за која луѓето сеуште немаат стекнато навика. Но според бројот на оние кои бараат субвенции кој постојано расте може да се види дека за некоја година 90% од приватните станоиздавачи целосно ќе ја подмируваат туристичката такса, вели Апостолов.

Во програмата за 2016та предвидени се 400 000 ден за субвенционирање на приватните станоиздавачи. Пред завршувањето на секои 6 месеци ТЛЕР објавува апел за нивно пријавување за субвенции. 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top