Според програмата за поттикнување на развојот на туризмот на Општина Охрид за 2014-та година, ќе се субвенционираат приватните станоиздавачи од мал обем кои редовно ја плаќаат туристичката такса.
Оваа програмска активност предвидува субвенционирање на регистрирани и категоризирани станоиздавачи од мал обем, кои согласно законските регулативи редовно ги подмируваат обврските за исплата на Туристичка Такса.
Субвенционирањето би се реализирало на полугодишна основа, по евидентирање на уплатената туристичка такса од страна на приватниот станоиздавач, а во период од 6 месеци.
На овој начин, приватните станоиздавачи би биле охрабрени за редовно и навремено плаќање на туристичката такса, со што се очекува зголемување на уплатата на туристичката такса, како и намалување на прикривањата на нејзина уплата, кои се евидентирани во изминатиот период од страна на инспекциските служби.
Дополнителните анализи ќе ја утврдат висината на субвенцијата, како и останатите критериуми кои ќе треба да се исполнат за да може да се добијат субвенции.
Од буџетот на Општина Охрид, за оваа намена се издвоени 970.000 денари.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град