Христафил Блажески од село Ливоишта е земјоделец, кој на сопствените обработливи површини одгледува пченица, рж, јачмен и пченка.
Христафил Блажески од село Ливоишта е земјоделец, кој на сопствените обработливи површини одгледува пченица, рж, јачмен и пченка.
Овој земјоделец по втор пат се пријавува во агенцијата за подршка на земјоделството за добивање неповратни, државни пари за неговото земјоделско производство.
Во агенцијата за подршка на земјоделството за само 7 дена, од кога почна да тече доставување на документи за субвенционирање на есенските посеви, околу 100-тина земјоделци имаат доставено пријави. Лани неповратни средства од државата искористиле 900 земјоделци, а годинава се очекува пораст на нивниот број. Тоа се должи на намалените критериуми за добивање на субвенции. Лани земјоделците за добивање субвенции требаше да имаат засеано површина со пченка 5000 м квадратни, а годинава условот е засеани 1500 м квдратни. Новина е и финансиската подршка за старите лозови насади и луцериштата.
Во програмата за финасиска подршка на земјоделството за 2009 година има и измени на критериумите за субвеционирање на сточарите. Ако лани се субвенционираше секое женско јагне годинава државата ќе одвојува пари за секоја овца и за секое обележано говедо.
Пријавувањето на земјоделците за субвенција на есенските посеви е 15 февруари, а за пролетните култури пријвувањето ќе биде во месец март.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град