Субвенции за уште 100 охридски семејства

Уште 100 лица ќе ги искористат буџетските средства на општина Охрид за субвенционирање трошоци за комунални давачки во висина од 600 денари. Охридските советници главно ја подржаа оваа одлука, но одредени советници имаа и забелешки.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Олеснување преку субвенционирање на комуналните такси за уште 100 охридски семејства. Советот на општина Охрид донесе oдлука за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за семејства со лице кое боледува од тешка болест или некој вид хендикеп. Како што информираше секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, новата одлука немала посебни ограничувања како што тоа било досега, семејствата да не остваруваат приход поголем од 105 600 денари.

„Со оваа одлука главен услов за добивање субвенции ќе биде хендикепот на лицето во семејството кое што ќе го потврди неговиот хендикеп со соодветна документација потврдена од неговиот лекар и Комисија во општина Охрид ќе утврди на колку лица ќе биде доделена таа субвенција.“

Советникот Станкоски од ВМРО – НП, смета дека во одлуките кои се однесуваат на субвенционирање за трошоци за комунални даваачки има големи ограничување, што не би требало да е така.

„Јас би предложил да се избрише овој дел доколку се пријават повеќе од 100 лица и каде што се наведува сумата на средства да не остваруваат поголем приход, и тоа да се брише, значи после огласот ке се добие прецизна слика за колку семејства се работи затоа што ние не знаеме колку лица ќе се пријават со тешка болест и инвалидитети“

Во одлуката за субвенционирање на трошоци за комунални такси треба точно да се знае за кои болести се однесуваа оваа мерка, вели советничката на СДСМ д-р Виолета Мицкоска.

„Некако не ми е одредено конкретно кои пациенти со кои точно болести треба да бидат сврстени, да не дојдеме во ситуација некого да го одбиеме а да му треба него повеќе помош во однос во другите“

Со оглед на тоа дека станува збор за буџетски средства, одлуката  за субвенционирање треба да е попрецизна, смета Дејан Блажески од охридските либерал демократи.

„Вакви одлуки треба да додадете обавезно, дека постоењето на извештај од специјалисти кои што работат и луѓето кои што се лечат нема потреба да поминуваат дополнително никакви Комисиски надзори при доделување на овие средства. Како Совет на општина Охрид и Комисија која што ќе биде, ги признавате печатите од луѓето кои што се лечат од овие заболувања“.

Претседателот на Совет д-р Гордана Коњаноска потполно го подржа ставот и мислењето на советникот Блажески.

„Дискусијата на Блажески не само што држи дури незамисливо е дека некој ќе ги негира и доведува во прашање, дури и формирање на ваква Комисија може да се избегне на начин што ќе си ги земе податоците од Комисиите кои веќе си ја завршиле работата, тоа се комисии на специјалисти кои се обучени да вршат таков вид проценки“

Координаторот на охридските социјал демократи Јован Стојаноски, вели дека несомнено една таква одлука треба да се поддржи но забележа дека советот нема податок колку граѓани би влегле во таа категорија која ќе се опфати со огласот.

„Мене ова ми изгледа еве како на ура ќе ја донесеме за популистички да излеземе пред граѓаните дека ќе ги субвенционираме одредени категории.во ред тоа е можеби дел од вашата политилка платформа. Но ние како Совет треба донесиме одлука базирана на податоци, колку има граѓани колку средства и дали имаме толку средства да им одобриме на овие граѓани“

Досега општина Охрид има доделено 300 субвенции од првиот оглас. Инаку одлука за субвенционирање со по 600 денари на сметките за услуги кон  трите општински јавни претпријатија Проаква, Комуналец и Нискоградба грдските советници донесоа во 2014 година со цел да им се помогне на социјално ранливите категории.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top