Стужанец со нож ранил двајца охриѓани во тепачка во казино

Стружанец со нож тешко ранил двајца охриѓани. Јавниот ред и мир е нарушен синоќа околу 1 часот и 30 минути во казиното „Адмирал“, во строгиот центар на градот.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Во охридското казино „Адмирал“, синоќа, стружанец со нож тешко повредил две лица од Охрид. Охридската полиција утринава го уапси 35 годишниот Б.Д. од струшкото село Ливада, откако во 1:30 часот, во казиното го повредил Н.М. (34) во градите, а на Е.М. (35) му нанел два убода во слабината и грбот. Како што информираше портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, пријавениот откако со нож ги нападнал и тешко ги повредил двајцата охриѓани веднаш со своето возило го напуштил казиното и се упатил во правец кај Струга.

„Таму тој се обидел да се самоповреди во пределот на главата во обид на полициските службеници да им каже и докаже дека тој бил нападнат и морал да се брани. Ножот со кој што е извршен нападот е пронајден во казиното,истиот е одземен и предаден е на вештачење во МВР Скопје. Во текот на денешниот ден СВР Охрид ќе поднесе кривична пријава по најмалку два основи против приведениот и против уште едно лице “ – вели Димоски.

Повредените охриѓани со возило од Брза помош биле пренесени во охридската Општа болница каде се задржани за понатамошно лекување. Нарушувањето на јавниот ред и мир во казиното „Адмирал“ се случило кога сега приведениот, физички го нападнал Р.М. (31) од Охрид нанесувајќи му повеќе удари со тупаници во пределот на главата. По кратко време, во казиното пристигнале сега повредените Н.М. и и Е.М. кои се вклучиле во тепачката , пришто биле тешко повредени со нож.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top