Со цел да се привлечат колку што е можно повеќе крводарители од помладата генерација, денес во просториите на Факултетот за туризам и угостителство Охрид, традиционално беше одржана крводарителската акција, Дарувај крв спаси живот. Анета Јованоска од Општинската организација на Црвен крст Охрид вели дека задоволни се од одзивот на студентите. Таа смета дека тоа се должи на активностите кои ги презеле членовите на новоформираниот клуб „25 млади мотиватори“, кои претходно одржале работилница за мотивирање на студентите за крводарителството.
Студентите на ФТУ даруваа крв. Тоа е потврда дека младите се хумани. Денес во просториите на ФТУ, Црвениот крст од Охрид ја реализира последната крводарителска акција предвидена во нивната програма за 2015. Како што информираше Анета Јованоска, со цел да се подигне свеста за важноста на крводарителството, се надеваат дека колку што е можно повеќе ќе допрат до младите луѓе и ќе ја разбудат нивната хуманост.
„Навистина сум презадоволна од одзивот на студентите има и зошто е тоа так, од неодамна почна да функционира клубот 25 млади мотиватори“, кои веќе одржаа работилници за мотивирање на студентите тука, исто така сум задоволна но одзивот од нашите граѓани бидејќи покрај студентите има одзив и од нивна страна. Досега имаме 28 единици и очекувам дека ќе достигнеме до зацртаната бројка од 30 единици“ – вели Јованоска.
Лидерот на Клубот „25 млади мотиватори“ Васко Георгиевски, појасни која е нивната мисија како мотиватори во новоформираниот клуб кој работи во рамките на ОО на Црвениот Крст.
„Целта на клубот е да ги мотивира малдите да даруваат крв и да бидат хумани, воедно за да го прават тоа треба да имаат здрав живот па целта на клубот е да врши едукации со кои ќе го промовира здравиот живот и крводарителството како чин. Првично користиме свои лични примери каква е хуманоста како изгледа крводарувањето и им кажуваме дека е нешто кое оплеменува и облагородува и дека чуството на хуманост исполнува“ – изјави Георгиевски.
Младите мотиватори најавија дека во месец јануари наредната година ќе одржат Флеш моб со цел да го промовираат клубот и крводарителството, па се подготвуваат за крводарителската акција за Водици. Нивниот клуб засега брои 20 членови и очекуваат да се приклучат уште 5 активисти со цел да се достигне бројот на симболиката на Куб 25 млади мотиватори.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град