Студентите од ФТУ учеа за квалитетот на македонското вино.
Студентите од ФТУ од Охрид учеа за квалитетот на македонското вино, но и за тоа како истото се служи и како се пие. Предавањето го одржа Ѓорѓи Стојаноски, сомелиер – македонец со 40 годишно искуство во оваа област во Австрија и Швајцарија и тоа во хотели со пет ѕвезди.
„Морам да признам дека во Р Македнија винската култура е на многу ниско ниво. Виното го пиеме од навика, а не од задоволство. Во текот пиењето треба да бидат допрени и да се добие хармонија која ќе ја затопли душата и ќе ја загрее крвта. Со денешниов настан најважно ми е на студентите да им го подигнам моралот и да им кажам дека гастрономијата е многу важна насока и дека тоа занимање е исклучително важно за Р Македнија и во таа насока треба да се движиме. Да се градат како личности и да го достигнат совршенството како нашиот сонародник, охриѓанецот ѓорѓи Стојаноски“, вели проф. Д-р. Ангела Василеска,раководител на катедрите за гастрономија исхрана и диететика и хотелско ресторански менеџмент.
„Се радувам што сум поканет во Охрид на туристичкиот факултет и подготвен сум да им помогнам на студентите да го подигнеме угостителството на повисоко ниво“, категоричен е Стојаноски.
Тој вели дека на студентите им пренел порака дека угостилеството е гранка која треба да се негува и дека не смееме да дозволиме оваа гранка да остане заспана во далечните 70 ти години.
Произведуваме вино со врвен квалитет, имаме многу убави подрачја и благодарение на сончевите денови во Македонија и климата во која живееме ние можеме да се носиме и со некои бордо вина од Франција, Германија, вели Стојаноски.
„Јас би го рангирал македонското вино типично вранецот ако го земам, и покрај тоа што не е типично автохтоно македонско – туку има црогорско потекло, но кај нас за мој доем е едно од најквалитетните грозја во Македонија“, вели Горѓи Стојаноски.
Стојаноски е категоричен дека македонските винарии со малку труд може да произведуваат многу поквалитетни вина. Вината се добри но не го достигнуваме оној мал процент кој фали или како што вели тој малку ни фали за екстра квалитет. Тој препорачува дека само со здружени сили може да се постигне голем успех на светскиот пазар.
„Проблемот кој го има Македонија е дека кај нас и покрај тоа што произведуваме квалитетни вина, винанрските визби како да се мразат, меѓутоа не сакаат да соработуваат еден со друг. Кога би соработувале би можеле заеднички да настапуваат на поголеми саеми. Тоа да биде една екипа еден менаџмент – тим кој ќе ги презентира сите македонски вина“, вели Стојаноски.
Стојаноски посочи неколку моменти во производството на вино кои итекако влијаат на квалитот. Значајно место според него завземаат стручните лица кои ја кројат лозата, затоа што многу е битно колку пупки ќе остават на стеблото. Тајната е да се остават онолку гроздови, колку што може лозата да прехрани.
Вториот начин според него е бербата на грозјето. Голема грешка која се прави во нашата земја е тоа што наместо во гајби, грозјето се бере во камиони, а најголема грешка која и тоа како влијае на квалитетот на виното е тоа што Македонските винарии немаат вработи кои од производствената лента ги отстрануваат скапаните зрна. Стојаноски на крај заклучува дека производството на доброто вино не започнува од бочвата, туку на македонските лозја.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град