Студентите од овој универзитет, заедно со нивните ментори ќе се претстават со свои дела, а четиричасовниот, мултимедијален настан во себе ќе содржи фотографија, музика, краткометражни фимови и театарска претстава.
Културната понуда во Охрид, летово доби нова квалитативна инјекција. Студентите на универзитетот за аудио-визуелни уметности, заедно со своите ментори, подготвија посебна мултимедијална програма за деликатната аудио-визуелна перцепција на охриѓани. Деканот на факултетот за применета музика, м-р Дарко Мариновски вели дека не е лесно да се организира еден ваков настан, но дека мора да се размислува спонтано.
„Тој настан е сеопфатен еден вид на мултимедијален настан кој што е поделен во четири категории, почнувајќи со промоции на книги и презентации на слики, продолжувајќи со концертниот дел, па потоа имаме филмски дел каде што ќе проследиме филмови на студентите и за на крај да завршиме со една театарска претстава.“-вели деканот на Факултетот за применета музика, Дарко Мариновски.
Мариновски вели Охрид е еден културен центар на Македонија и Балканот и затоа се одлучиле да организираат еден ваков настан токму тука.
„Го правиме за граѓаните, за подигнување на културното ниво. Да придонесеме да луѓето имаат можност културно да видат нешто несекојдневно што навистина не се случува секој ден. Не се тоа класични концерти или претстави како што ги имаме, туку баш еден мултимедијален настан кој што е можеби единствено од ваков тип.“-рече Мариновски.
Овој мултимедијален настан го организира Универзитетот за аудио-визуелни уметности-ЕСРА, и тоа по повод 19ти Август, Меѓународниот ден на ЕСРА кој воедно е и меѓународен ден на фотографијата. Овој несекојдневен настан ќе се одржи во недела, во Центарот за култура „Григор Прличев“, со почеток во 20 часот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град