Студот кој го зафати Охрид предизвика дефекти во водоводниот систем

Студениот бран кој ја зафати Македонија, предизвика проблеми во одржување на водоводниот систем. Од ЈП Нискоградба велат дека најмногу проблеми имало во водоводниот систем во зградите бидејќи истите не биле соодветно изолирани.

 |  Татјана Маленкова  | 
водомер
водомер

cevkiСтудениот бран кој ја зафати Македонија, предизвика проблеми во одржување на водоводниот систем. Од ЈП Нискоградба велат дека најмногу проблеми имало во водоводниот систем во зградите бидејќи истите не биле соодветно изолирани.

За да не дојде до дефекти и пукање на водоводни цевки, посебно во зградите кои не се постојано населени, ЈП Ниско Градба изврши исклучување на водоснабдување во истите.  „Го затвараме шиберот на улица, а потоа екипите од Р.Е „Проаква“ интеренираат во промена на водомери или пак го санираат дефектот во самата зграда“, вели директорот на ЈП Ниско градба, Владо Цветкоски.

„ Во делот на одржување на уличната водоводна мрежа дефеците се стандардни, само се отежнати условите за санирање на дефеците бидејќи земјата е замрзната машините неможат да работат мора да се работи со компресор. Поголем проблем ни се јавува во делот на уличната канализациона мрежа, бидејќи чистењето го правиме со специјални наменски возила кои работат под притисок на вода“, вели директор на ЈП Нискоградба, Владо Цветкоски.

Vlado CvetkoskiЦветкоски додава дека проблем настанува кога температурата е под 0 Степени, затоа што во тие услови водата замрзнува и неможат да ги користат специјалните наменски возила за пробивање на уличната канализациона мрежа, по што службите при отстранување на дефектите се приморани да работат со сајли и други помошни средства.
Последниов викенд екипите на „Нискоградба“ работеа на потегот кон Св. Стефан и Орце Николов, а останатите интервенции беа во делот на затворање на водоводната мрежа која води кон зградите.

И од ЈП Проаква Р.Е Охрид потенцираат дека ниските температури им задале проблеми. Голем број граѓани се пожалиле дека мразот допринел за пукање на стаклата на водомерите или пак на цевки од водоводот.

Во текот на минатат недела поради ниските температури во РЕ Водовод Охрид беа извршени на 50 тина интервенции за поправка на водомерни броила, односно дефекти кои настанале поради пукање на стакла, капаци на водомери и колена на водомери и дефекти од сличен тип. Бидејќи и во наредниот период имаме најави  за ниски температури апелираме до нашите корисници тоа би можела да го изведат на едноставен начин за да го направат на едноставен начин со покривање на одредени покривки со тервол, стиропор и заштита на шахтите преку покривање со иолационен матријал“, додава Даниел Радевски,референт за маркетинг во МЈП Проаква.

И од Нискоградба и од Проаква апелираат граѓаните да ги направат превентивните зафати околу водомерот, затоа што доколку не го направат тоа, а дојде до пукање на истиот, тогаш трошоците ќе ги сноси сопственикот на водомерот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top