Струшките средношколци бојкотираат он лајн настава

Струшките ученици од денес ја бојкотираат  онлајн наставата, а учениците од Дебар протестираат. Гимназијата 28 Ноември од Дебар  најави дека нема да ја почитува одлуката на комисијата од понеделник почнуваат настава со физичко присуство.

 |   | 

Струшките  ученици од денес ја бојкотираат  онлајн наставата. Гимназијалците на  вчерашните протести најавија дека немаат услови  за учење од далечина. Немаат компјутери,во некои села нема интернет,  а платформата има слабости, остануваат на ставот да добијат дозвола за настава со  физичко присуство.

-Бараме да седиме во училишни клупи, бараме да се дружиме со врсниците бидејќи образованието е основен метод. Нашата иднина ја носите во длабока бездна. Ние бојкотираме!“, изјави еден од средношколците.

Под мотото „Стоп за онлајн настава. Ковид-19 не може да не спречи да бидеме присутни” , денес протестираа и дебарските гимназијалци.  Директорот на гимназијата  „28 Ноември”  најави дека нема да се почитува одлуката на  Комисијата за заразни болести, на учениците  им вети дека од понеделник ќе започнат со настава со физичко присуство.

-Денеска со Советот на училиштето, со Советот на професори исто така со родителите имаме потпис и од учениците и родителите и одлука од Советот и решивме дека понеделник  ќе почнеме со настава , рече директорот Рамадан Имери во телефонска изјава.
И општина Струга не прифаќа онлајн учење, училиштата ги исполнуваат здравствените протоколи, тврдат од локалната самоуправа.  

-„Ако има потреба ќе се сретнеме и со министерката за образование ако може по кафиќи, дискотеки, улици  да се собираат и да нема вируси и зголемување на број на заболени зошто тогаш по училиштата да има такви проблеми“, вели Дашмир Насуфи од општина Струга.
Учениците од Струга  бараат министерството за образование и комисијата за заразни болести да дадат дозвола за настава со физичко присуство, во спротивно  ќе бојкотираат. 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top