На фејсбук страната на Општина Струга осамна решението за верификација на општинско основно музичко училиште, потпишано од министерката за труд и социјални работи Мила Царовска.
На фејсбук страната на Општина Струга осамна решението за верификација на општинско основно музичко училиште, потпишано од министерката за труд и социјални работи Мила Царовска.
Уште во јуни месец минатата година на предлог на Министерството за образование, Владата даде позитивно мислење за отварање на Основно општинско музичко училиште во Струга.
Ова училиште планирано е да обезбеди основно музичко образование со тоа што ќе им овозможи на учениците да учат и да свират на музички инструменти. Наскоро ќе биде објавен и оглас за пријавување на ученици за учебната година 2021/2022 .
Инаку во Струга со години успешно функционира и државното музичко училиште „Тодор Скаловски-Тетоец“ чиишто ученици секоја година совојуваат награди на државните натпревари.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град