Во градинките зголемен број случаи со стрптококни ангини

Кај децата од предшколска и школска воздраст забележан зголемен број случаи со стрптококни ангини.

 |  Маленкова Татјана  | 
bakteriji
бактерии

Зимата е период кога вообичаено има зголемен бројот на пациенти со горно распираторни инфекции. Како причина за овие компликации се и климатските промени кои значително се изразени деновиве. Еден од факторите е и маглата која посебно им  прави проблеми на децата кои имаат  хронични опструктивни промени во вид на напади  на тешко дишење, свирење во градите , нарушување на општата состојба која мора долго да се лекува. Ваквите случаи не можат да поминат со  амбулантно лекување, туку  се препраќаат на детското одделение.  Но еве што посебно ги загрижува педијатрите.

„Но во овој период оваа година јас и моите колеги забележуваме една појава која загрижува, а тоа е појава Nikola Filevна една бактерија која досега не била толку честа СТРЕПТОКОКНА инфекција од пиоген тип која е многу опасна и ги напаѓа пред се горните дишни патишта се имплементира како гнојни наслаги на на крајниците и може да даде многу компликации, може да биде фебрил и фебрус реуматика , да ги нападне бубрезите, а овие компликации се многу тешки и може да траат цел живот“, вели д-р Никола Филев, педијатар.

Филев открива дека за овој проблем со кој последниот месец се соочуваат педијатрите, се информирани надлежните служби во епидемиолошката служба. Докторот додава дека имаат забелешка до родителите и до институциите кои ги згрижуваат децата и апелираат да се води ригорозна сметка за дете кое е болно  да не биди присутно меѓу здравата популација, затоа што многу лесно се пренесува оваа болест, која може да биде и многу сериозна.  „ Стрептококот е таков тип на бактерија која знае да даде многу компликации“, категоричен е доктор Филев.

„Поради тоа во градинките  да се води многу голема сметка и да се изолираат овие деца и адекватно да се лекуваат. Ако после земање на брис од нос и грло се докаже дека е ваква бактерија, треба да се даде антибиотска терапија. Јас можам да кажам дека во мојата ординација имам 20 тина потврдени случаи бактериолошки и со полна одговорност велам дека терапијата беше спроведувана и се спроведува, но додека се децата болни и додека се под терапија не би смееле да бидат во контакт со здрави деца, за да не дојде до пренесување на истата“, вели д-р Никола Филев.

Д-р Филев советува дека превенцијата за вакви болести е  исхраната на децата да биде адекватна богата со витами, но посочува тие да бидат на природна основа. Педијатрите и епидемиолозите доваат и дека треба често да се проветруваат просториите каде што престојуваат децата.
Симптоматологијата за ова заболување не е секогаш класично  како што е опишано во учебниците, обично brisпропратено со висока температура, гадење, повраќање,  болки во целиот организам коските зглобовите мускулите и безапетитност. Кај ова бактериско заболување забележани се и доста случаи каде недостасуваат симптомите, а во микробилошкиот бриз се најдени овие опасни бактерии.  
Апелот е сите деца кои имаат некои од наведените симптоми  веднаш да се јават кај своите матични лекари од каде ќе добијат адекватна терапија и препорака  да се направи брис од нос и грло. Доколку не се почитуваат советите на стручните лица и се пристапи кон самостојно лекување,  симптомите може да се смират, но ова е подмолна бактерија која може да даде реперкусии на другите органи, поточно да настанат несакани последици кои може да траат цел живот.

И од центарот за јавно здравје потврдуваат дека кај нив има зголемен број на пациенти претежно од предшколска воздраст и школска воздраст каде преку брз се констатира присуство на оваа опасна бактерија.
Епидемиологот Јованка Стурлакова Коровешоска Апелира децата кај кои е откриена оваа бактерија да не се носат во градинка и да се следат препораките на матичните лекари. Таа додава дека се во постојана комуникација со раководството на градинката од каде побарале засилена  дезинфекција на приборот за јадење и играчките и додава дека не е изоставено вонредна дезинфекција на објектите. 

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top