• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Епидемиолозите предложија низа мерки со цел да се спречи ширењето на стрептококната ангина

Епидемиолозите предложија низа мерки со цел да се спречи ширењето на стрептококната ангина

Во градинките и училиштата се применуваат низа мерки за искоренување на стрептокот.

 |  Маленкова Татјана  | 
bakteriji
бактерии

Центарот за јавно здравје апелира до сите матични лекари кои имаат сомнение на инфекција со Стрептокок задолжително да ја известат епидемиолошката служба. Целта на ваквото пријавување е што побрзо да се детектираат децата со Стрептококна инфекција, поточно да се открие изворот и да се спречи понатамошното ширење на ова заразно заболување. Епидемилогот Јованка Стурлакова Коровешоска за ТВ М ги открива предложените бројни мерки и активности во предучилишните и училишните установи се со цел да се спречи ширењето на стрептококните инфекции.  

„Засилена хигиенизација на занималните, на ходниците, санитарните јазли и кујните во градинките. brisЗасилена хигиенизација и во училишните згради. Вонредна задолжителна дезинфекција на просторот, како и дезинфекција на играчките, без разлика што редовно ја вршат, ова ќе биде вонредна дезинфекција на играчките на приборот за јадење и на нагледните средства“, вели Јованка Стурлакова Коровешоска, од центар за јавно здравје.

Коровешоска апелира до сите родители чии деца се во група каде што е откриена оваа бактерија, да ги однесат децата во центарот за јавно здравје со цел да им се земе брис од грлото и од носот. Ова е добро да се направи, појаснува Коровешоска поради тоа што детето можеби е во инкубација  или пак е со многу полесна клиничка слика.  Предложените мерки не се однесуваат само на родителите и децата, туку и на персоналот од градинките,  од воспитачки, куварки до хигиеничарки. И од нив уште денес биле земени брисови од грло  и нос,  со цел да се утврди дали и тие се носители на оваа бактерија.

„Вчера ги предложивме, а денеска извршивме контрола мерките се спроведени, играчките нагледните средства се е повторно дезинфицирано, појачана е и хигиената голем број на совесни родители ги донесоа децата, земен им е брс од грло и од нос, останува уште мал број, па се надевам дека наредниве денови  ќе ги донесат, така да со превземањето на овие предложени мерки и активности успехот ќе биде гарантиран. Ќе се спречи ширењето на инфекцијата и многу е важно при приемот на децата во градинка медицинскиот персонал и воспитачките да вршат тријажа“, додава Стурлакова Коровешоска.

Тријажата значи дека болните деца, поточно оние кои имаат висока температура, кашлаат или имаат гадење, повраќање, да не се примаат во градинка. Овие дечиња под итно да се однесат кај матичен лекар кој ќе им препише терапија, која се прима најчесто десетина дена. Потоа се зема повторно брис и доколку Jovanka Sturlakova Korovesoska истиот е негативен детето ќе може да се врати во градинката, а доколку и вториот пат брисот покаже присуство на бактерија се продолжува со лекување.   

Од детската градинка Јасна Ристеска потврдија дека уште денеска ги спровеле сите предложени мерки од епидемиолошката служба при центарот за јавно здравје. Директорката Марина Петроска Тодороска вели дека најголем проблем имаат со несовесните родители, кои иако знаат дека децата им се болни или дека се носители на бактерија сепак не кажуваат и децата повторно ги носат во градинка. Тодороска апелира родителите да бидат посовесни, затоа што како што кажа ова  за доброто пред се своите, а потоа и за другите деца.
Доколку во целост се почитуваат инструкциите на епидемиолозите Успехот во борбата со стрептокот треба да е веднаш видлив, затоа што ни предстои период на празници и неработни денови, и распуст во училиштата, овој период децата ќе можат добро да заздрават.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top