Стратегиска оценка или само документ отповеќе?

Направен генерален преглед за негативните влијанија од планските документи врз животната средина, како и предвидување алтернативни решенија за надминување на истите.

 |  Крсте Голабовски  | 
дуп
дуп

izveshtajИзвештај кој нуди алтернативни решенија за проблемите во врска животната средина или само документ плус?  Станува збор за стратешка оценка која произлегува од Законот за животна средина и просторно планирање, односно, плански документ кој отсега е потребен при изработка на урбанистичката планска документација, вели Пеце Мирчески, еден од авторите на извештајот. Инаку, целта на овој извештај е идентификација и анализа на влијанијата врз животната средина, животот и здравјето на луѓето, кои би произлегле со имплементација на планскиот документ. Постапката се спороведува уште во фазата на планирање, со цел, сите идентификувани влијанија, односно, соодветните мерки за елиминирање и идентификување на влијанијата, да се предвидат во најраната фаза при изработката на документот.

Хавза Реџеп- Какељ од Одделението за урбанизам и животна средина, се радува што граѓаните полека ја сфаќаат суштината и влијанието што носењето на планските документи го има врз животната средина. Всушност, станува збор за еден генерален преглед за негативните влијанија од планските документи врз животната средина, како и предвидување алтернативни решенија за надминување на истите. Проблемите на кои најмногу реагираат граѓаните, а се однесуваат на ДУП за дел од УЗ 1, дел од блок 1-1 , опфат 1, односно, градското јадро и неговите жители кои за време на летниот период се и најголемите жртви на бучавата. А, бучавата и потребата од сепарација на атмосферската и фекалната канализација, болна точка за жителите од овој дел на градот.

 Дотраена атмосферска канализација, потреба од реконструкција на дел од инсталацијата на фекалната канализациона мрежа, застарени делови од цевоводите за водоснабдување, кои не ги задоволуваат основните потреби за противпожарна заштита. Ова се само дел од комуналните проблеми во овој дел од градот, кои директно влијаат врз животната средина. Секако, влијанието од бучавата, управувањето со отпад, никако не смеат да се занемарат, бидејќи станува збор за влијанија на кои и најмногу реагираат жителите од овој дел на градот. Дали нивните забелешки нешто ќе сменат? Искуството покажува дека уште долго ќе остане неодговорено прашањето дали овие влијанија ќе бидат неутрализирани или отстранети само со доследно почитување на одредбите од Законот за заштита на животната средина, а овој извештај ќе биде ништо друго, туку само уште еден документ повеќе…

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top