• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Стратегиска оцена за изградба на претоварна станица за комунален отпад во Долно Лакочереј

Стратегиска оцена за изградба на претоварна станица за комунален отпад во Долно Лакочереј

Општина Охрид, денеска ја објави одлуката донесена на 16ти април, за спроведува ње на стратегиска оцена  на влијанието врз животната средина за изградба на претоварна станица за  комунален отпад во Долно Лакочереј.

 |   | 

Општина Охрид, денеска ја објави одлуката донесена на 16ти април, за спроведува ње на стратегиска оцена  на влијанието врз животната средина за изградба на претоварна станица за  комунален отпад во Долно Лакочереј.


Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните  аспекти:  Влијанието на развојните решенија во поглед на осетливите елементи на  животната средина на планираниот опфат( нарушување на квалитетот на воздухот,  водите и почвата како резултат  на емисија на загадувачки материи, зголемени
нивоа на бучава и вибрации и несоодветно управување со отпадот како и  шумата,  флората, фауната во рамките на  планирани от опфат кој е под заштита  на УНЕСКО). Органи засегнати од имплементацијата на планскиот документ  за изградба на претоварна станица за комунален отпад во Долно Лакочереј се Министерство за животната средина и просторно планирање и Општина Охрид. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од  спроведување на стратегиска оцена денеска беше објавена на  веб страната на Општина Охрид www.ohrid.gov.mk. Против оваа одлука јавноста има право на жалба до Министерството за  животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top