Странските туристи сеуште најбројни во хотелите

Бројот на туристите во ноември 2015 година во Охрид бележи зголемување за околу 14 проценти, во споредба со истиот месец во 2014 година.

 |  Голабовски Крсте  | 

hotelБројот на туристите во ноември 2015 година во Охрид бележи зголемување за околу 14 проценти, во споредба со истиот месец во 2014 година.

Додека бројот на ноќавања е зголемен за 16 проценти.

Во месец ноември во Охрид е забележано зголемување на бројот како на домашните така и на странските туристи. Бројот на странските туристи е зголемен за 12.2%.

Од сместувачките капаците, најпосетувани биле хотелите, а на второ место се соби, станови и куќи за изнајмување.
Во периодот јануари-ноември 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 10.3%, велат информациите од Државниот завод за статистика.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top