Странски експерти ќе обучуваат наши конзерватори

Уништувањето на бројните фрески во Охридските  цркви,  мозаиците и останатите археолошки артефакти  подолго време беа  резултат на недостокот  од наши стручни лица конзерватори. Така, за санација и решавање на проблемите најчесто беа ангажирани странски конзерватори.

 |  Валентина Неловска  | 
konzervatori
конзерватори

konzervatoriУништувањето на бројните фрески во Охридските  цркви,  мозаиците и останатите археолошки артефакти  подолго време беа  резултат на недостокот  од наши стручни лица конзерватори. Така, за санација и решавање на проблемите најчесто беа ангажирани странски конзерватори. Во последно време Управата за заштита на културното наследство прави  обиди недостатокот од конзерватори на нашето огромно културно богатство да се надмине. Во таа насока, шестмина странски специјалисти се ангажирани во две летни школи да обучуваат 15 –тина млади македонски конзерватори во повеќе дисциплини. Со ваквите обуки,  во многу ќе се подобри состојбата со конзерватори,  нагласува  директорот на Охридскиот летен универзитет, Проф. Елизабета Димитрова.
конзерватори„Ние донесовме тројца супспецијалисти од врвниот европски универзитет „Никола Коперник“ од Торун, Полска.Тие предложија да испратиме наши конзерватори кај нив на специјалзиација за одредени насоки кои и недостасуваат на Македонија“, кажува Димитрова.
Втора година по ред, паралелно се организираат двонеделни летни школи и семинари за конзервација и заштита на кулктурното наследство, во рамките на Охридскиот летен Униврерзитет и Св.Климентовиот летен универзитет. Со овие два проекти се прават обиди да се поправи ситуацијата со дефицитарниот конзерваторски кадар кај нас и тоа во три насоки: иконопис, мозаични дела и метални археолошки артефакти, нагласува Проф. Димитрова.Професорката вели, секогаш недостасуваат конзерватори и средства за употреба во заштитата. Целта на овие летни школи  е  создавање на конзерваторска елита која успешно ќе ги решава проблемите  и ќе го штити културното наследтво.
Св. Климентовиот летен универзитет се организира од страна на  Управатата за заштита на културното наследство и Институтот за хуманитарни истаржувања Евробалкан. Доколку ваквите летни школи  дадат очекувани резултати,  ќе се воспостави трајна форма на ваков конзерваторски практикум, со цел, да се зголеми бројот на млади конзерватори  кои  ќе специјализраат повеќе дисциплини, за на правилен начин да  се справуваат со комплексни и многубројни проблеми, нагласува Проф. Димитрова.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top