Контролата на летање во штрајк

Контролата на летање на охридскиот и скопскиот аеродром денес, од 10:00 до 12:00 часот, го оствари најавениот штрајк.

 |  Татјана Маленкова  | 
monitor
монитор

Денешниот најавен штрајк се реализираше. ТВМ исконтактира со претседателот на Струковиот синдикат на Контролата на летање Александар Тасевски, кој ни потврди дека денес штрајкуваат, но не како што беше првично најавено 6 часа, туку 2.

Како што реча Тасевски, одлуката ја преиначиле само за денешниот штрајк, за да излезат во пресрет на молбата на Здружението на туристички агенции на Македонија, да се овозможи реализација на понудените туристички аранжмани, и додаде:

„Доколку владата не покажа разбирање по однос на нашите барања за проблемот кој што настана, тогаш ние ќе продолжиме со штрајкот и следниот четврток и штрајкот ќе трае 10 часа.

aerodromТасевски објаснува дека доколку владата преку УЈП одлучи да им ги одземе финансиските средства, тогаш не само што ќе биде во доведен во прашање опстанокот на двата аеродрома, туку во опсаност ќе биде и целото воздухопловство во Македонија.

Со денешниот штрајк на охридската Контрола на летање, аеродромот Св. Апостол Павле не трпи никакви реперкусии, објаснува Томислав Тунтев, директор за сообраќај на аеродромот во Охрид.

„Сe надевем дека Агенцијата за цивилно воздухопловство и надлежните министрества ќе изнајдат начин овој проблем да биде решен брзо, за да проблемите не се одразат на врвната сезона на летање која треба да започне со почетокот на туристичката сезона“, вели Тунтев.

Инаку, службите при Контролата на летање штрајкуваат поради одлуката на УЈП да наплати околу 9 милиони евра  по основ незаконски поврат на ДДВ. 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top