Стопирани два проекти кај делницата Охрид – Струга

Се додека не се испита влијанието на животната средина, по забелешките на УНЕСКО, стопирана е реализацијата на проектите за изградба на патот од Струга до Требеништа.

 |  Николоска Биљана  | 

Стопирани два проекти кај делницата Охрид Струга. Тоа се случи по забелешките на УНЕСКО. Станува збор за еден од проектите на претходната Влада, односно за реализација на проектите за изградба на 8,5 километри долгиот пат од Струга до Требеништа, кој требаше да се поврзе со автопатот во изградба Охрид – Кичево, но и со експресниот пат од Охрид преку Пештани до Свети Наум кој требаше да поминува преку Националниот парк Галичица. Од Министерство за транспорт и врски, за медиумите изјавија дека:
„По извршената мисија од страна на УНЕСКО доставени беа забелешки и препораки за стопирање за градбата… сè додека не се испита влијанието врз животната средина.“
По ова прашање свој став имаат и од иницијатива Охрид СОС.

На таа делницата кон Струга има забелешки за недоволен број на вијадукти или приклучоци, меѓутоа тоа е градежниот дел на проектот. Она на што става УНЕСКО забелешка е дека нема доволно пропусти односно канали и тунели под површината на патот каде треба да има премин на животни“

Талевски вели дека за патот од Охрид до Свети Наум, е потребно да се изработи нов проект, како и нова студија за влијанието врз животната средина и тоа треба да се случи до крајот на оваа година.

„Како ќе се направи тоа не знам, бидејќи за тоа треба доволно време за тоа да се реализира а рокот е веќе краток. Мислам дека до крајот на 2018 година, Македонија односно општина Охрид и Комитетот на УНЕСКО за Македонија треба да достави реализирани проекти за отстранување на сите забелешки при таа реактивна мисија која што беше направена од страна на УНЕСКО во април месец

За овие проблеми запознати се и еколошките здруженија во регионот. Берат Села од еколошко здружение Натура-Струга, вели дека тие и пред да ја стопира реализцијата на проектите УНЕСКО, алармирале до релевантните институции.

„Реагиравме до Владата, но таа тоа го игнорираше, па требаше да реагира УНЕСКО и да дојде до ваква ситуација за да се запре со работа. Проектот треба да се ревидира. За жал, вака функционираат работите во нашата држава

Додека се отстрануваат забелешките, постоечкиот пат кој води од Охрид до Свети Наум и границата со Албанија е во катастрофално лоша состојба, со дупки, тесен и непрегледен.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top