Стопирана градбата на хотелскиот комплекс во Лагадин. Општинскиот градежен инспекторат го поништи одобрението за градење поради вина на инвеститорот затоа што тој пропуштил во системот за е-одобрение да достави навремено известување за започнување со градежните работи.
Нови моменти околу изградбата на хотелскиот комплекс во Лагадин. Од вчера, од страна на општинскиот градежен инспекторат e стопирана градбата на овој објект. Уште пред една недела државниот инспекторат за градежништво и урбанизам упати до Општина Охрид барање да го поништи издаденото одобрение за градење на хотелскиот комплекс во една од најелитните населби на езерскиот брег, но тогаш, од секторт за урбанзиам тврдеа дека нема причина за стопирање на градбата бидејќи се е законски во издаденото одобрение за градење на хотелот во Лагдин.
Она што беше став на Општина Охрид на последниот и претпоследниот пресс дека целокупната документација околу општиот акт за село Лагадин, издавањето, постапката за издавање на одобрението, одобрението за градба и правосилноста на истото е согласно закон и на тој став остануваме и во иднина. Она што се случува во моментов е поништување на решението, односно одобрението за градење поради вина на инвеститорот затоа што тој пропуштил во системот за е-одобрение да достави навремено известување за започнување со градежните работи. Инвеститорот треба да престане со градба и може да поведе жалбена постапка, па да се види нејзиниот исход. Од страна на Државниот градежен инспекторат беше доставена посебна забелешка која се однесуваше на ненавременото известување што беше констатирано од нивна страна и ни беше укажано на нас и согласно Законот за градење ние бевме обврзани да донесеме акт со кој што ќе го поништиме одобрението за градење, вели Александар Китески, помошник раководител на Сектор за правни работи при Општина Охрид.
Останува да видиме што понатаму ќе се случува околу изградбата на овој хотелски комплекс кој предизвика реакции кај повеќе невладини организации, како и кај советниците во градскиот совет од редовите на СДСМ.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град