Стоп на прикривањето туристичка такса

Локалната самоуправа прави напори преку современ софтвер навреме да добива информации за бројот на остварени ноќевања на странски и домашни туристи на Охридската ривиера.

 |  Валентина Нелоска  | 
web sajt
web sajt

Goce SimonoskiЛокалната самоуправа прави напори преку современ софтвер навреме да добива информации за бројот на остварени ноќевања на странски и домашни туристи на Охридската ривиера. Со овој систем ќе се знае и колкава туристичка такса треба да се прибере. Туристичките субјекти  имаат потреба од ваква информација затоа што до точна бројка за посетеноста на гостите во екот на туристичката сезона тешко се доаѓа, а иако се добијат некакви бројки тие се најчесто од рака. За надминување на оваа состојба секторот за  туристички локален економски развој веќе изработи софтвер за он-лине евиденција на гостите сместени во повеќе туристички капацитети,  информира Гоце Симоноски, раководител на Тлер.

Покрај брзите и точни информации за бројноста на странските и домашните туристи, полесно  ќе биде и следењето со наплатата на туристичката такса. За вакво навремено пратење на посетеноста на ривиерата со гости се заинтересирани повеќе институции помеѓу кои и Министерството за внатрешни работи, нагласува Симоноски. „За нив е битно кој и  каде престојувал, а од таа дата база на податоци да имаме и ние достапност за да може д афункционир аи нашиот дел за да пратиме кој гости кај кој станоиздавачи претсојувале“, кажува Симосноски. Со овој програмски пакет ќе се овозможи поефикасно извршување на законските активности на двете институции. Засега хотелите и станоиздвачите од мал обем се обврзани да ги пријавуваат домашните и странските гости  само во полиција, а уплатата на туристичката такса ја уплатуваат  во општината. Во однос на плаќањето на таксата некои станоиздавачи не го пријавуваат реалниот износ, па во општинскиот и државниот буџет се слеваат помалку пари  по овој основ. За да се надмине овој проблем и да се имплементира проектот се чека  зелено светло од Министерството за внатрешни работи. Сега тие се на потег, истакнува Симоноски.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top