Бадникова поворка по петти пат Охрид, во пресрет на големиот христијански празник Божиќ. Почитта на трдицијата и она што сме во корените, ќе донесе поголем бериќет во нашиот град, истакна градоначалникот Јован Стојаноски. Организаторите задоволни од одзивот на учесниците, а на децата, овој христијански обичај духовно ги исполнува.
Утрово низ охридските улици одекна гласот на над 400 дечиња, пеејќи ја песната „Вечниот Бог“, најавувајќи го рождеството Христово. Децата пеејќи ја божиќната песна, носеа и божиќни ѕвезди што ја симболизира ѕвездата која ги водела тројцата мудреци до местото каде што бил роден Исус. Во нивни раце беше и специјално украсената пештера на кои е претставено Рождеството Христово. Нивната радост и возбудата беше неизмерна и за нив Бадниковата поворка била посебно доживување кое духовно ги исполнувало.
„Јас сум задоволна што учествував на Бадниковата поворка и чест ми е што ја носев иконата и тоа духовно ме исполнува и сакам уште многу години да сум дел од неа“.
„Јас сум многу задоволна. Ми се исполна желбата да ја носам иконата на Богородица а посебно што не пречека градоначалникот на Охрид“
Јас учествувам по петти пат во оваа поворка и многу сум среќна.
Учесниците на Бадниковата поворка на градскиот плоштад пред импровизираната пештера на мајка Богогородица ги пречека првиот човек на градот Јован Стојаноски. Тој истакна дека оваа традиција и него лично духовно го исполнува.
„Нека се благословени овие златни дечиња и сите жители во Охрид и бројните гости на големиот христијански празник. Ја продолжуваме традицијата и мораме да ја оддржуваме како град и сметам почитта на трдицијата и она што сме во корените ќе донесе поголем бериќет во нашиот град. Продолжуваме и наредните години да ја почитуваме оваа традиција“
Годинава коледарската дружина беше најбројна. Летка Филипова од организациониот одбор истакна дека подготвени биле да примат двојно повеќе деца. Неа осебно ја радува фактот што годинава во Бадниковата поворка се вклучиле и деца од другите градови.
„Не постои човек во светот што не сака нешто да види и чуе убаво што ќе му ја стопли душата и ќе му предизвика радост.
Денешниот сончев и топол ден дополнително ги намами охриѓани и бројните гости да бидат дел од овој величенствен настан, кој веќе стана препознатлив за нашиот туристички бисер.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град