Што беше тоа организиран паркинг простор?

Во Охрид се помалку се става дикат кога нешто се гради.

 |  Николоска Биљана  | 
parking
паркинг

Голем број станбени објекти во Охрид без соодветен и неопходен паркинг простор. Зошто надлежниот инспекторат не ги санкционира инвеститорите, што не го обезбедуваат потребниот паркинг простор пред станбените објекти? Граѓаните на Охрид, ова прашање не ретко го поставуваат до нашиот медиум. Тие сметаат дека во општинава низ прсти се прогледува на една ваква се позачестена и незаконска појава, поточно дека инвеститорите кога се работи за обезбедување на потребните паркинг места пред зградите, манипулираат со тоа.
parking zgradaОдлично поткован за проблемите во урбаната сфера е овластениот градежен инспектор Слободан Дамјановски. Тој вели дека при изградба на секој нов објект, инвеститорот мора точно да прецизира како ќе го обезбеди паркирањето. Дали ќе биде тоа со подземни гаражи, или во паркинг простор во рамките на градежната парцела на објектот, или пак со закуп на паркинг простор на јавна површина. Но досега Дамјановски не се соочил со проблем од оваа природа, а појасни како делуваат доколку сепак се случи тоа.

„Немаме констатација за отстапување, немаме пријава од граѓани дека за одреден објект се сомневаат дека е промашена површината на домување со бројот на паркирање или било каква информација во тој контекс. Основниот документ кој што секој инспектор треба да го донесе е записник за констатација. Значи се излегува на лице место, се прави увид која е состојбата за конкретниот проблем или предмет, дали се работи за градба на објект, паркирање или било што поврзано со градење. Во случај ако се затекнат отстапувања во текот на градбата, таа се стопира со решение за стопирање на градба и се дава определен рок во кој што треба инвеститорот или градителот да ги надминат неправилностите околу градбата“

nema parkingОбезбедувањето на организиран паркинг простор претставува хроничен проблем кој години наназад се провлекува и никако да се надмине. Досега не се применети најстрогите законски норми за прекршителите. Проблемот секогаш е присутен и градот оскудева со јавни паркинзи а состојбата се влошува за време на летната сезона. И во најмала рака од причина што последниве години урбанизмот е доста интензивиран во Охрид, надлежните треба да размислуваат во идните урбанистички планови да се води поголема грижа  за тоа.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top