Што ни носи иднината на интернетот?

Реномираниот португалски професор од областа на информатичкото инженерство, Едмундо Монтеиро, во краткорочна научна мисија на Универзитетот „Свети Апостол Павле“ од Охрид.

 |  Мишел Наумоски  | 
uint
уинт

Едмундо Монтеиро, реномираниот професор од Унивезитетот Коимбра од Португалија ја открива иднината на интернетот пред студентите на Унивезитетот за информатички науки и технологии, „Св. Апостол Павле“ од Охрид. Неговата посета на охридскиот универзитет е во рамките на неколкугодишната соработка која Унивезитетот од Коимбра ја има воспоставено со поголем број европски универзитети.

prof. Monteiro„Јас сум овде за она што ние го викаме краткорочна научна мисија, во склоп на проектот Winemo, Wireless networking for moving objects. Како дел од овој проект ја спроведуваме оваа краткорочна научна мисија која ќе трае две неделе, до крајот на оваа недела, па во текот на престојот јас ќе одржувам семинари за учениците, за технологијата на мобилен интернет, интернет технологии и секако ќе размениме искуства од разговорите со одвешниот персонал. Идејата е да подготвиме и други вакви соработки, размена на студенти и нови предлози за истражување.“-рече професор д-р Едмундо Монтеиро од Универзитетот од Коимбра, Португалија.

Професор д-р Монтеиро вели дека интернетот на иднината веќе ни чука на вратата и не е толку далеку од нас имајќи ги предвид проектите Хоризонт 2020, проект финансиран од Европската комисија. Нивните истражувања се насочени токму на интернетот на иднината, 5 Г мрежите, следната генерација на мобилен интернет и безбедносните аспекти од нивната примена. Во блиска иднина, Монтеиро смета дека интернетот ќе биде присутен буквално насекаде.

univerzitet Sv. Apostol Pavle„Сите мали објекти како сензори, автомобилите ќе имаат многу сензори и ќе се поврзани на интернет, сите мали апарати во домот, во окружувањето, како на пример фрижидери, се ќе биде поврзано на интернет и тоа ќе го овозможи она што ние го нарекуваме „живеење со асистенција на паметна технологија“. Тоа ќе овозможи во иднина дури и постарите луѓе да живеат подобар живот, затоа што ќе им помагаат не само луѓето туку и многу технологија која ќе им помогне за подобар живот.“-вели Монтеиро.

Професор Монтеиро нема да остане само на оваа посета на Унивезитетот за информатички науки и технологии, тој рече дека повторно ќе се врати на крајот од Мај според веќе воспоставената соработка. Вели дека студентите на охридскиот унивезитет се малку потивки од оние во Португалија, но академскиот квалитет според него е на идентично ниво.

Инаку тој e директор на Центарот за информатичка наука и системи на Унивезитетот во Коимбра, Португалија, а зад себе има импресивно резиме, со учество во голем број на истражувања и проекти од областа на интернет технологијата, работи и како стручен соработник на Европската комисија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top