Што ќе биде со Грашница

Секторот за урбанизам најавува дислокација на коритото на реката Грашница.

 |  Татјана Маленкова  | 
plaza
плажа

Секторот за урбанизам најавува дислокација на коритото на реката Грашница.

Кај местото Аланин мост ќе се гради прочистителна станица, вели раководителот на секторот. Според Плановите на локалната со овој зафат, месноста Грашница еколошки ќе се исчисти, дивите приклучоци ќе се откријат, а просторот ќе се оплемени.

Branko ArnaudovСекторот за урбанизам изготви проект за трајно решавање на проблемот во Грашница. „Во тек се активности со кои ќе се оделуваат фекалната и атмосврската вода. Атмсверската ќе оди во езерото а фелкалната во колекторот“, вели раководителот на секторот за урбанизам, Бранко Арнаудов.

„Со цел да се намали загадувањето од горниот тек на латничката река ние сега изработуваме проекти во корелација со министретвото за транспорт и врски и животна средина и го дислоцираме коритото на реката Грашница над улица Железничка и го Усмеруваме кај реката Даљан кај Алтанин мост. Таму ќе има процистителна станица за сите води кои се вливаат во реката Даљан. Со ова сите што се нелегално приклучени во каналот Грашница а реката ќе се усмери во реката даљан, така де се што е нелагално приклучени ќе се санира и тоа. Овој простор се исчисти и оплемини“, вели Арнаудов.

„Иницијативата на локалната ми е позната.  Да го видиме проектот на маса“, вели Дејан Паноски , секретар на билатеријалниот секретаријат при Министертсвото за животна средина.

Инаку во моментов се работи техничката документација за проектот, а според неа ќе се отпочне постапка за експропријација на земјиштето каде треба да се гради прочистителната станица. Со министревото за транспорт и врски е договорено средстава за експропријацијата да ги обезбеди министврото, а реализацијата на коритото да биде на товар на локалната самоуправа.
Инаку Летничката река или како што е позната како река Грашница, на потегот кај Железничка до вливот кај езерото врши големо загадување од нелегални приклоцоци на фелекна канализација од истата. Со просктот кој во момнтов се работи треба да се реши и проблемот со нелегалните приклуцоци и на атмосврските и на површинските води.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top