Стево Пендаровски денес меѓу охриѓани. Тој ги искажа своите ставови и мислења на повеќе актуелни прашања, а побара и мислење од граѓаните. Пендароски смета дека Македонија не смее да си дозволи луксуз- да има еднострано закажани избори на 24 април не затоа што тоа не чини, е интерес или страв, туку затоа што не се обезбедени елементарни услови за фер и демократски избори.
За Македонија е опасно да оди на избори на 24ти април затоа што не се испочитувани клучните столбови на пржинскиот договор, смета професор Стево Пендаровски. Според него во моментов не постојат услови тие да се одржат на овој датум затоа што не е извршена регулацијата на медиумите, пречистувањето на Избирачкиот список доцни, а не се обезбедени ниту услови за непречена работа на Специјалното јавно обвинителство.
Македонија не смее да си дозволи луксуз- да има еднострано закажани избори на 24 април не затоа што тоа не чини, е интерес или страв, туку затоа што не се обезбедени елементарни услови за фер и демократски избори. Минатиот август според договорот од Пржино требаше да биде договорена нормативната рамка за реформи на медиумите. До овој момент тоа е далеку од договор ,значи седум осум месеци потоа ние немаме нормативна рамка, а очигледно е дека европските стандарди во таа област ги подржува само една од четирите партии учеснички во преговорите, рече професорот Стево Пендаровски.
Ако се следи договорот од Пржино избирачкиот список требаше да биде пречистен до сега, а таа процедура не е ни започната, нагласи Пендаровски. Тој потенцира дека и работата на Специјалното јавно обвинителство со месеци наназад е опструирана.Тие луѓе таму немаат основни услови за работа, немаа и претходно а сега се дополнително принудени да се справуваат и со кривични пријави кои замислете, оние кои го кршеле законот го поднесуваат за луѓето кои работаат во СЈО, рече Пендаровски.
Ако се оди на избори по секоја цена битката нема да биде рамноправна затоа што ќе имаме во избирачкиот процес две политички партии од актуелната влада кои месеци и години наназад ја злоупотребуваат власта која ја имаат и едно злосторничко здружение, изјави Пендароски.
Стево Пендаровски смета дека гласот на комесарот Хан околу оценката дали се исполнети услови за избори на 24 април, нема да биде пресуден. Според него постои можност комесарот Хан воопшто и да не дојде во Македонија. После неговите изјави дадени во Скопје, простор за други изјави нема бидејќи објективно со тие изјави Хан влезе во директно асистирање на една од преговарачките страни и мене ми се чини дека е најдобро да препушти на други луѓе од меѓународната заедница и Македонија да проценат дали има услови за одржување на избори. Неговата изјава во Скопје беше дека три партии се договориле за избори и дека четвртата страна треба да се приклучи и реши што ќе прави во меѓувреме. Тоа беше изјава која не му доликува на непристрасен преговарач или олеснувач, смета Пендароски.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град