Кој ќе биде претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ?

Како најсериозен заменик на досегашниот претседател Владо Стефаноски, се спомнува името на актуелниот директор на фестивалот „Охридско лето“.

 |  Тања Кувенџиска  | 

Се потесен станува кругот на кандиадати-  заинтересирани да седнат во претседателската фотелја на општинската ВМРО- ДПМНЕ. Од првично 25 пријавени кандидати, три члената коимисија задолжена да ја врши селекцијата, изборот го свела на четворица од нив. Неофицијално, меѓу нив се спомнуваат имињата на првиот човек на фестивалот Охридско лето, Тони Симоноски, директорот на охридскиот аеродром Борче Стефаноски и директорот на Заводот за здравствена заштита, Атанас Михаилов.
Во текот на наредната недела се очекува да биде познато кој ќе биде новиот Претседател на Општинскиот комитет. Најчесто спомнувано е името на директорот на фестивалот Охридско лето, Тони Симоноски.

opstinski komitet VMRO-DPMNEИзвори за ТВМ потврдуваат дека изминатава недела, посериозните кандидати биле повикани на интервју. Прашањата на кои одговарале кандидатите биле околу нивното залагање за партијата и градот, програмата според која би се раководеле во нивното идно работење, доколку седнат во претседателската фотелја.
Крајниот збор сепак ќе го има претседателот на партијата, актуелниот премиер, Никола Груески. Тој заедно со извршниот комитет на ВМРО- ДПМНЕ, пред да ја донесат конечната одлука, предвидено е да ги повикаат на разговор селектираните четворица кандидати.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top