Стечајците утре ќе си ги бараат своите права

Со слоганите, „ВО ЕДИНСТВОТО Е СИЛАТА- ДОСТА Е ЧЕКАЊЕ, ДА ГО КРЕНЕМЕ НАШИОТ ГЛАС ПРОТИВ БЕДАТА И СИРОМАШТИЈА“, здруженијата на невработени утре ќе ги бараат уставните права пред владата.

 |  Ристо Јакимоски  | 
parola
парола

Со слоганите, „ВО ЕДИНСТВОТО Е СИЛАТА- ДОСТА Е ЧЕКАЊЕ, ДА ГО КРЕНЕМЕ НАШИОТ ГЛАС ПРОТИВ БЕДАТА И СИРОМАШТИЈА“, здруженијата на невработени утре ќе ги бараат уставните права пред владата.

Здруженијата на невработени граѓани со над 25 год работен стаж и со не регулиран статус утре во 7 часот тргнуваат на масовен протест. Со слоганите  ВО ЕДИНСТВОТО Е СИЛАТА- ДОСТА Е ЧЕКАЊЕ, ДА ГО КРЕНЕМЕ НАШИОТ ГЛАС ПРОТИВ БЕДАТА И СИРОМАШТИЈАТА, ДА СИ ГИ ПОБАРАМЕ НАШИТЕ УСТАВНИ ПРАВА, упатуваат апел до владата, конечно да го реши лавиринтот од закони кој не дозволува решавање на нивниот статус. Со приватизацијата на голем број на државни претпријатија, голем дел од работниците се оставени на улица пред да ги исполнат условите за пензионирање.

stecaecЗа утрешните мирни протести известени се  и меѓународните претставници во државата. „Немаме намера да предизвикуваме револт кај никого, ниту да го рушиме угледот на државата, но доколку и понатаму не се изнајде решение за проблемот, ќе се обратиме и до меѓународните судови за човекови права“- најавуваат од здружението.

„Ние како здружение не сме партиски обоени, а на оваа возраст во која се наоѓа поголем дел од нашето членство, тешко дека некој ќе не вработи“- истакнуваат од здруженито.

Според здружението, со постоечкиот закон за работни односи не се уредуваат правата за сите невработени во Република Македонија. Барањето кое се упатува до владата е згрижување на невработените лицата со над 25 години работен стаж.

 

 

 

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top