Стечајците, очајни

Ние сме живи мртовци и водиме дијалог со глуви и со позицијата и со опозицијата рекоа стечајците на денешната средба со кандидатите за градоначалник на Охрид.

 |  Валентина Нелоска  | 
stecaec
стечаец

Ние сме живи мртовци и водиме дијалог со глуви и со позицијата и со опозицијата рекоа стечајците на денешната средба со кандидатите за градоначалник на Охрид.

Стечајците денес се сретнаа со кандидатите за гардоначалник на Охрид. Својата  голгота за остварување на  своите социјални права ја изнесоа пред кандидатите кои претендираат за прв човек  на Охрид. Ние сме живи мртовци и водиме дијалог со глуви,  и со позицијата и со опозицијата рекоа стечајците при тоа. Граѓани загубари ,технолошки вишок и стечајни работници своите маки  и проблеми ги искажаа на едно место за да нема партиски префрлања истакна  Иван Николоски , претседател  наЗдружението.

kandidatiНа состанокот беа присутни Александар Петрески од СДСМ, Ацо Попоски од НСДП, Томе Гиноски ВМРО  НП , Васви Доко Нова Демократија  и Боро Павлоски од ЛДП.
Кандидатите за градоначалник на Охрид присутни на состанокот  им дадоа  подршка на стечајците. Ацо Попоски кандидат за градоначалник од НСДП ги потсети  дека лидерот на нивната партија Тито Петкоски предложил и Закон за решавање на нивниот статус , но не бил изгласан  
Кандидатите за градоначалник од петте  политички партии дадоа свои визии како би се решил нивниот проблем. Се слушнаа предлози од отварање на нови работни места  и економски развој преку менаџерските способности на првиот човек, па до изгласување во законодавниот дом   Закон со кој ќе се реши нивниот статус.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top