Статутот мора да се почитува

Претседателката на У.О. ги заплетка конците со предлогот за кандидат на директор во ЈОДУ Градинка „Јасна Ристеска“.

 |  Билјана Николовска  | 
gradinka
градинка

Охридската детска градинка Јасна Ристеска не работи согласно Статутот, дециден Владо Суклоски. Најновите случувања во оваа установа не можат рамнодушно да се прифатат вели Суклоски, член на У.О. на градинката, претставник на Министерството за труд и социјална политика. Тој изјави дека соработниците по образование на градоначалникот време е да погледнат во статутот бидејќи според Суклоски, Статутот  е правен документ донесен врз основа на законот и потврден од управниот суд и секое негово прекршување е индиректно кршење на законот. Суклоски вели дека посебно претседателот на У.О. мора да го почитува статутот.
Суклоски признава дека се доцни со предлогот за директор на градинката, но повторно вината ја лоцира кај претседателката на У.О. која не ја испочитувала одлуката на состанокот каде интервјуто со кандидатките за директор требало да се изврши на 2 септември а таа закажала 10 дена подоцна. Тој рече дека сите недоследности забележани од негова страна биле доставени до Министерството за труд и социјална политика.
Суклоски дециден во своите изјави дека статутот на градинката мора да се почитува и потенцира дека добро е познато под кои услови се назначува В.Д. директор.
На потег е одлуката на Министерството за труд и социјална политика кое треба да ги утврди сите наведени недоследности што јас како член на тоа министерство ги забележав во работата на детската градинка, вели Суклоски. Тој додава дека секое кршење на статутот повлекува дополнителна одговорност.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top